Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикуваат физичка болка“

Чистата есенција од билките во мојот живот донесе огромни промени, на почетокот тоа беа драстично намалени физички симптоми на мигрена и алергија, но постепено ја забележував најголемата промената на емотивно и душевно ниво.

Но, нормално, на многумина тоа не им е јасно па би сакала да објаснам повеќе.

Сетилото за мирис е еволутивно најстаро сетило и е тесно поврзано со емоциите и спомените од минатото, поради самата анатомија на мозокот и начинот на кој мирисот патува од носот до мозокот.

Мирисот со помош на кранијалните нерви се пренесува од носот до булбус опфакториус, дел од лимбалниот систем кој се наоѓа во непосредна близина на амигдалата, која на информациите им дава емоционално значење; како и хипокампусот, делот од мозокот задолжен за пренесувањето на информациите од краткотрајната во долготрајната меморија.

Амигдалата се препознава и како складиште или депонија за емоции од преживеани трауматични искуства. Затоа мирисот брзо и непосредно подига носталгични сеќавања.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 6

При првата средба со некој нов мирис, мозокот воспоставува врска помеѓу сетилниот стимул, моментот на случувањето, личноста и чувствата кои се будат.

Секое наредно присуство на идентичен мирис предизвикува враќање на тие сеќавања.

Па така, кога користиме есенцијални масла, ние будиме стари емоции, чистиме лоши сеќавања, ја креваме нашата фреквенција на повисоко ниво и се ослободуваме од одредени работи кои негативно влијаеле на нашето тело со години.

Лекот е секогаш во природата и во нас, но не треба да дозволиме да биде доцна, превенцијата и живот во баланс е она што е битно.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 3

Можеш ли да споделиш неколку едноставни совети за во домашни услови што ќе им помогнат на нашите читатели кои чувствуваат болка низ телото?

Најпрвин слушајте што има да ви каже вашето тело, не ги игнорирајте малите симптоми кои се аларми и не се навикнувајте да живеете со тоа како да е нормално. Започнете го денот со чаша топла вода на празен стомак за да го разбудите дигестивниот тракт и да го подготвите за денот како и да го стимулирате вашиот метаболизам, а не со кафе и цигари кои се најлошото „добро утро“.

Движењето и активноста се нешто најбитно - секое утро започнувајте го со кратки вежби во ваше темпо, но дајте му поттик на телото и енергијата во вас да се разбуди. Сите имаме 15 минути во денот за тоа и доста си даваме безначајни изговори.

Јадете што повеќе жива и необработена храна од растително потекло. Одвојте уште 15 минути во денот за правилно дишење - ретко кој е свесен на кој начин дише и колку кислород навистина внесува.

Побарајте совет за соодветни техники доколку не знаете како да почнете. И зборувајте, зборувајте за своите чувства, не држете сè во себе, обратете се на некој што ќе знае како да ве насочи, што ќе знае како да ви помогне.

Сакајте се себеси и работете на себесознавањето, мислам дека многу малку знаеме што криеме во себе и многу малку навистина се познаваме, премногу сме окупирани со туѓи животи и празни муабети.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 12

Кои дезинформации за масажа и човечкото тело преовладуваат кај нас?

Луѓето сметаат дека масажата е луксуз и не сите се запознаени каков е ефектот од вистинска терапевтска масажа или која било мануелна терапија.

Конкретно за тајландска масажа, многу луѓе во светот имаат погрешна перцепција и често ја поврзуваат со сексуални услуги, а тоа многу нè иритира нас чија едукација се заснова на духовноста и нешто многу подлабоко од таа крива слика.

За жал во Тајланд, поради големата сиромаштија, уште во време за големите војни во минатото, па и сега, на најтуристичките локации често ќе најдете искомерцијализирани места кои нудат сексуални услуги и „масажа“ која нема апсолутна врска со традиционалната терапевтска масажа.

Но, мене тоа не ме спречува да го работам тоа што толку многу го сакам затоа што знам дека луѓето околу мене ми веруваат и затоа што знам која сум и како можам да им помогнам.

Што се однесува до човечкото тело, на западот сè уште го третираме телото само како скелет и месо без емоции, но мислам дека полека се дига свеста и дека после короната и после сите немири, малку повеќе почнавме да се „будиме“.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 11

Кои клучни навики човекот мора да ги промени за излезе од лавиринтот на депресијата и изгубеноста во секојдневието?

Како што споменав и погоре, да се свртиме кон природата и кон себе, сите одговори се таму, ние сме битија создадени од природата, а не од технологијата и од сè материјално.

Ајде да живееме со сите сетила отворени, да впиваме сè околу нас со полни гради, да сме благодарни за сè што имаме, а тоа е доволно.

Да поминуваме повеќе време со себе, земете си еден ден, едно попладне и испијте кафе или чај сами со себе, прашајте се како се чувствувате и запрете за момент и само набљудувајте, ќе се изненадите што сè криете во себе и не го игнорирајте тоа.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 7

Тука може да го завршиме разговорот. На што ќе бидеш посветена следниот период?

Оваа година сум спремна за нови предизвици и нови почетоци на бизнис план и сум премногу возбудена, но сепак нема да откривам многу. Сакам да се посветам и на многу нови едукации поврзани со ароматерапијата.

За едукацијата и работата на себе никогаш не е доста и никогаш не е премногу затоа што секогаш откриваш нови хоризонти, нови луѓе на патот кои те водат до други патишта и така растеш.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 13

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милен... „Размислував дали да носам капче на свадбата и кога прашав почнаа повозрасните: ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg