Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикуваат физичка болка“

„Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални болести и да се рефлектираат на други места. Па, луѓето не се ни навикнати дека една масажа може да биде третман за ослободување на негативни чувства“, вели Меланија Цветковска која е физиотерапевт и која двапати беше во Тајланд за да ја изучува тајландската масажа.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 10

Меланија Цветковска од Куманово е физиотерапевт која по втор пат го посети школото за тајландската масажа Чианг Маи на Тајланд.

Нејзината желба да го истражува човечкото тело и да навлезе подлабоко во тоа што е „енергија“ е доволен поттик за да почне да го спознава скриениот свет на источната медицина.

Во продолжение следува разговор со Меланија која отворено зборува за работите што ги има спознаено и доживеано во школото за тајландска масажа, но и надвор до него:

Меланија, откако минатата година престојуваше во школото за тајландска масажа Чианг Маи на Тајланд, патот повторно те однесе таму. Какво е чувството да се вратиш на место кое за тебе лично е непресушен извор на знаење и искуство?

Исто како да се враќаш дома, чувство како отсекогаш да си бил таму, да си припаѓал таму, како дел од тебе никогаш да не заминал…

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 5

Што направи првиот ден откако се врати во школото? Што најмногу ти недостигаше?

Го организирав времето за да пристигнам порано пред да дојдат сите други студенти затоа што себично сакав за момент да го имам целото место само за себе.

Сакав да седам сама на моето омилено скриено место и само да го впивам секој момент со сите сетила. Ми недостигаше апсолутно сè, тука се чувствувам како дома како што реков, тука се случува магија и бескрајно бев благодарна што пак сум тука.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 4

Во нашиот претходен разговор велиш дека во школото предавањата биле физички и психички тешки, но какви беа сега кога веќе посуштински навлезе во источната медицина?

Уште потешки. Затоа што е најтешко да го смириш егото. Секој од нас доаѓа овде со некое искуство, предзнаење, свој принцип на работа и сето тоа треба да го заборавиме кога ќе влеземе во салата за пракса и да почнеме сè од нула.

Без разлика што веќе сме стари студенти, секогаш се враќаме од почеток сè додека нè сме подготвени и со затворени очи да го следиме текот на сесијата.

Безброј пати се повторуваат одредени навидум лесни потези и движења кои твојот мозок ги процесира некогаш како досадни бидејќи сака нешто ново и различно, но на крајот секогаш сфаќаш каде и колку многу грешиш цело време, а повторувањето е единствен начин до совршенство.

Најтешкиот дел е секогаш да го следиш ритамот додека работиш, да си во комплетна синхронизација со твоето дишење, дишењето на клиентот, твоето тело, твојата положба, твоето движење и сето тоа треба да е во ист ритам, исто како да играш некој танц. Оваа година фокусот на предавањата беше токму совладувањето на сопствениот ритам.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 1

Како сега ти беше организирано секојдневието за да можеш да имаш поголема концентрација и да бидеш подготвена за совладување на новото знаење?

Распоредот на нашата рутина е секогаш ист, станување рано во зората со молитва и таи јога, лесен појадок, пракса цел ден, попладневна парна бања со инхалација на билки, вечера и спиење, без многу активности надвор од школото затоа што тука имаш сè и нема потреба од деструкции.

Оваа година си дадов задача дека максимално ќе го вежбам своето правилно дишење бидејќи тоа ми беше најбитно за мојата концентрација во работата и тука правев најголеми грешки, нормално несвесно.

Но, кога свесно ќе го контролираш своето дишење во какви било ситуации, не само во оваа работа, тогаш и свесно можеш да ја контролираш секоја ситуација затоа што си присутен во тој момент, овде и сега. Така што во секој слободен момент се трудев да го вежбам тоа и на крајот имаше огромна разлика.

Кога не бев уморна се трудев да читам литература поврзана со слични работи кои ме опкружуваа, но најчесто после пракса и вечера по 8 си спремен за спиење.

Едноставноста во живеењето и сконцентрираноста на само едно нешто без многу деструкција и без потреба за извршување на 10 работи во денот, доволно е само една работа но темелно, споро и со многу љубов е клучот на успехот.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 17

Какви промени се случија овој пат со твоето тело? Откри ли нови болни места за кои не си била свесна дека постојат? Успеа ли да ја согледаш поврзаноста?

Оваа година моите едукации главно беа базирани на абдоминална масажа која е една од најмоќните техники и да, дефинитивно, за мене беше период на отпуштање на многу емоции, се трудев да набљудувам кои доминантни емоции ми излегуваат на површина и како се чувствувам во врска со тоа.

Јас години наназад имам болки во лумбалниот дел на грбот на конкретно исто место од левата страна, па поради проблеми во абдоменот и складирани емоционални немири, се рефлектира во лумбалниот дел бидејќи се тесно поврзани и во тоа многу бргу се уверив.

После многу третмани, работа на истите емоции како и секојдневни вежби за јакнење на абдоминалните мускули јас потполно заборавив дека сум имала таква болка.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 14

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милен... „Размислував дали да носам капче на свадбата и кога прашав почнаа повозрасните: ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg