Марта Гусар, адвокат: „Не е неопходен развод за жртвите на семејно насилство да побараат заштита“

„Доколку жртвата на семејно насилство сака да поведе и постапка за заштита и бракоразводна постапка, пожелно е истата да го напушти домот, пред да се отпочне со постапката, токму поради високиот степен на ризик од насилство“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Марта Гусар, адвокатка со повеќегодишно искуство во заштита на жртвите од семејно насилство и човековите права.

marta-gusar-advokatka-nitu-eden-sudija-nema-da-odzeme-dete-od-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-i-da-go-dade-na-nasilnikot-01.jpg

Марта Гусар e адвокатка од 2011 година, а има сопствена канцеларија од 2013-та година.

Таа работи (како и сите адвокати) во повеќе области, но за неа е примарна специјализацијата во делот на семејното насилство и човековите права.

marta-gusar-advokatka-nitu-eden-sudija-nema-da-odzeme-dete-od-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-i-da-go-dade-na-nasilnikot-02.JPG

Во интервју за CRNOBELO.com, Марта зборуваше за жртвите на семејно насилство, за законските механизми и права, но и за начините на кои законот ги штити.

Дали стравот дека децата ќе им бидат одземени е оправдан? Кои се најчестите причини заради кои жртвите одбиваат да се спасат од насилството и зошто, за жал, некои од нив сепак одлучуваат да се вратат и да продолжат со личноста што ги повредила?

Ова се само некои од прашањата на кои продискутираме со адвокатката.

Во продолжение проследете го целото интервју со Марта:

Кои се според вас најчестите предизвици заради кои жртвите на насилство не се одлучуваат лесно да стават крај на брак и одолговлекуваат со одлуката?

Најчести причини се децата, стравот од нов почеток, можеби економската зависност која е многу честа, па оттаму и предизвик да се отпочне со нова фаза во животот.

Она што е клучно да се напомeнe е фактот што многу често жртвите не ни препознаваат дека се жртви, дека трпат насилство, сè додека тоа не премине во потешко насилство со повисок степен на ризик или, пак, со тешки последици.

marta-gusar-advokatka-nitu-eden-sudija-nema-da-odzeme-dete-od-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-i-da-go-dade-na-nasilnikot-11.jpg

Честопати жртвите се жалат дека им е страв дека децата ќе им бидат одземени… Чести ли се случаите во кои жртвите на насилство го губат старателството над децата и што треба да се докаже пред суд за тоа да се случи?

Речиси секогаш кога една жртва ќе се најде во состојба на насилство или, пак, собере храброст да го напушти тој дом, таа средина, стравот се наметнува дека децата ќе бидат одземени.

Мора да се земе предвид психичката состојба кај жртвата, па и тие „теории на заговор“ дека децата ќе ѝ се одземат, поради тоа што не е вработена или пак слични (само нивни) причини, кои потекнуваат од самите нив.

Тоа е таа траума и страв кој им се наметнува уште во самите почетоци на бракот, кога не ни препознаваат дека им се врши психичко насилство, за потоа да премине, нели, во вкоренет страв за децата.

Судот нема да додели деца на насилник во ниту еден случај, освен ако мајката е зависник или исто така насилник или поради здравствени причини од психичка природа.

Така што, напротив, во случај на насилство, кој било вид на насилство, сите институции ќе застанат во одбрана и заштита на жртвата, а не на насилникот.

Оттука, тој страв е неоправдан, меѓутоа многу е важно да собере храброст, а секако ние сме тука како адвокати, па и Центарот за социјални работи, кои треба да работиме со тие жртви со цел да се оттргне тој неоправдан страв.

marta-gusar-advokatka-nitu-eden-sudija-nema-da-odzeme-dete-od-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-i-da-go-dade-na-nasilnikot-04.jpg

Дали досега како адвокат сте имале случај во кој мажот е жртва на насилство? Дали се рамноправни нашите закони во однос на полот при бракоразводните парници? Дали мажите што се жртви на насилство ги имаат истите права како жените?

Секако дека има и мажи жртви, но процентот на жртви мажи во споредба со жени жртви на насилство, е премногу мал, па оттука секогаш заштитата е насочена повеќе кон жената.

Секако дека имаат исти права, секако дека има заштита и за мажот како и жената.

Полот нема никаква врска со делот на бракоразводните постапки, односно законите важат за сите, особено за бракоразводна постапка, истите права и обврски ги имаат и жените и мажите.

Можете ли да ни раскажете некој од ваквите случаи што длабоко ве погодиле?

Со оглед да ми е во тек постапка, сè уште не би споделила ништо околу тоа, но да, ме погодила постапка за која сè уште сум во неверување дека можело тоа да се случи.

marta-gusar-advokatka-nitu-eden-sudija-nema-da-odzeme-dete-od-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-i-da-go-dade-na-nasilnikot-05.jpg

Кој е првиот чекор што жртвите на насилство треба да го направат, пред да ја почнат бракоразводната парница?

Најпрво би сакала да ги разграничиме двете постапки…

Бракоразводната постапка не е поврзана со постапката за заштита од семејно насилство.

Може партнерите и да не се разведат, а сепак да има мерки на заштита на жртвата од евентуално идно насилство.

Но, доколку жртвата сака да поведе и постапка за заштита од семејно насилство и бракоразводна постапка, пожелно е истата да го напушти домот, пред да се отпочне со постапката, токму поради високиот степен на ризик од насилство, кога сторителот на насилство, односно сопругот ќе дознае за поведувањето на постапките.

Тоа би бил првиот чекор, сè со цел да се избегне ново насилство, а после може да се почне со постапките.

Доколку станува збор за моментално насилство, сторителот може да биде отстранет од домот, па жртвата да остане дома.

Секако, она на што алудирам е да дојде до нивна разделба, односно да не живеат под ист покрив.

marta-gusar-advokatka-nitu-eden-sudija-nema-da-odzeme-dete-od-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-i-da-go-dade-na-nasilnikot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трч... „Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно. Нормално е тоа, важно е да не ...
Ивана од Прилеп го победи ракот: „Ќерка ми (5) ми ја скрати косата кога почна да ми паѓа од хемотера... „Кога ми кажаа дека ракот е минато и тоа како се изнаплакав! Цела една година во...
Елена Јовческа, естраден уметник: „Свирам 4 инструменти, но гајдата ме прави препознатлива“ „Освен гајда понекогаш може да засвирам зурли и пијано. Салонот за убавина ми е ...
Ненад Ѓоргиевски за татковството: „Близнаците се родени предвреме, додека беа во инкубатор знаев дек... „Се трудам да ги научам близнаците да бидат добри луѓе, но не е лесно да се спра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg