Елена Јовческа, естраден уметник: „Свирам 4 инструменти, но гајдата ме прави препознатлива“

„Освен гајда понекогаш може да засвирам зурли и пијано. Салонот за убавина ми е најдобрата инвестиција, ако не сум пеела ќе сум имала салон за убавина, а сега ги имам и двете“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, Елена Јовческа.

elena-jovcheska-estraden-umetnik-sviram-4-instrumenti-no-gajdata-me-pravi-prepoznatliva-01.jpg

Елена Јовческа е наша естрадна уметница која зад себе има веќе 4 албуми (сопствени и со препеани македонски песни), а препознатлива е по нејзините настапи со гајда на веселби, но и на културни настани.

Горда прилепчанка, која повеќе години живее во Скопје, Елена свири 4 инструменти, настапува кај нас и во дијаспората, но истовремено е и бизнис жена која има сопствен салон за убавина, а за CRNOBELO.com открива повеќе детали за себе.

elena-jovcheska-estraden-umetnik-sviram-4-instrumenti-no-gajdata-me-pravi-prepoznatliva-02_copy.jpg

Во продолжение целото интервју со Елена:

Најпозната си по твоите настапи со гајда… Кажи ни кој е најголем виновник што започна да свириш гајда и како се роди љубов за овој инструмент?

Најпрво јас свирам 4 инструменти, но гајдата е таа што ме направи препознатлива и поразлична. С

ама донесов одлука за гајдата иако многу луѓе беа скептични и така гледаа на работите, јас сепак докажав дека можам и успеав.

elena-jovcheska-estraden-umetnik-sviram-4-instrumenti-no-gajdata-me-pravi-prepoznatliva-03_copy.jpg

Колку време ти е потребно за подготовка на инструментот пред настапите и дали освен гајда, знаеш да земеш и некој друг инструмент на веселбите?

Потребно ми е половина час да се подготвам бидејќи се облекувам во народна носија и ми треба време, секако, за гајдата да штима со целиот оркестар.

Освен гајда, понекогаш може да засвирам зурли, како и пијано.

elena-jovcheska-estraden-umetnik-sviram-4-instrumenti-no-gajdata-me-pravi-prepoznatliva-06.jpg

Која е најчеста песна што се бара на веселбите во Македонија, а која во странство?

Секако најбарана песна на фамилијарните прослави е „Машала“ што се пее за невестата, а во странство секако „Горда прилепчанка“ - тоа и што сум.

elena-jovcheska-estraden-umetnik-sviram-4-instrumenti-no-gajdata-me-pravi-prepoznatliva-05.jpg

Има ли некоја песна од која веќе ти е смачено да ја изведуваш? Која е таа?

Немам песна која не би сакала да ја пеам засега и се надевам нема да имам.

elena-jovcheska-estraden-umetnik-sviram-4-instrumenti-no-gajdata-me-pravi-prepoznatliva-12.jpg

Си имала ли некоја непријатна случка за време на настапите? Што може да те извади од такт кога настапуваш?

Непријатна случка досега не сум имала. Нешто што ме вади од контрола, не само на настапи, туку општо, е што ние луѓето немаме трпение.

elena-jovcheska-estraden-umetnik-sviram-4-instrumenti-no-gajdata-me-pravi-prepoznatliva-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg