Ивана од Прилеп го победи ракот: „Ќерка ми (5) ми ја скрати косата кога почна да ми паѓа од хемотерапијата“

„Кога ми кажаа дека ракот е минато и тоа како се изнаплакав! Цела една година во текот на лекувањето не пуштив солза, не дека се воздржував, туку едноставно немав време за плачење и кукање. Овие солзи беа од дното на душата за непроценлива среќа“, вели за CRNOBELO.com Ивана од Прилеп, која по голема битка го победи ракот на лимфните јазли.

ivana-od-prilep-go-pobedi-rakot-kjerka-mi-5-mi-ja-skrati-kosata-koga-pochna-da-mi-pagja-od-hemoterapijata-01.jpg

Ивана Ѓорѓиоска (33) од Прилеп по една година лекување, успешно го победи ракот.

Откако ја извојува најголемата битка во својот млад живот, таа победнички објави дека по 8 хемотерапии и 16 зрачења, период во кој ѝ паднала и косата, најлошото е зад неа и нејзиното семејство.

Оваа млада мајка, во емотивен разговор за CRNOBELO.com, ни раскажа за сите премрежија низ кои поминала од моментот кога дознала дека топчето на вратот не е обична грутка, туку сериозна болест.

ivana-od-prilep-go-pobedi-rakot-kjerka-mi-5-mi-ja-skrati-kosata-koga-pochna-da-mi-pagja-od-hemoterapijata-07.jpg

Прочитајте ја искрената исповед на Ивана:

Пред неколку дена објави семејни фотки на кои си среќна и насмеана, со порака дека го победи ракот... Кога ја доби потврдата од лекарот дека најлошото е зад тебе и дека веќе немаш рак?

Потврдата дека ракот повеќе го нема ја добив на 17-ти jуни.

Имено, тој ден ми беше еден од најубавите затоа што мојата ќерка имаше завршна приредба од градинка, а потоа се упативме во Скопје на клиника, каде што ги добив најубавите вести.

Денот почна совршено, заврши перфектно!

ivana-od-prilep-go-pobedi-rakot-kjerka-mi-5-mi-ja-skrati-kosata-koga-pochna-da-mi-pagja-od-hemoterapijata-04.jpg

Каква беше првата реакција? Што ти помина низ глава? Дали можеби се исплака од среќа?

Ооо, и тоа како! Цела една година во текот на лекувањето не пуштив солза, не дека се воздржував, туку едноставно немав време за плачење и кукање.

Овие солзи беа од дното на душата за непроценлива среќа.

Кому му кажа прво дека конечно е сè во ред?

Сопругот беше со мене, пa заедно се јавивме прво кај нашите родители, брат ми и золва ми.

Потоа ги известивме и блиските роднини и пријатели кои од самиот почеток сè до крајот беа со нас!

ivana-od-prilep-go-pobedi-rakot-kjerka-mi-5-mi-ja-skrati-kosata-koga-pochna-da-mi-pagja-od-hemoterapijata-02.jpg

Ти беше ли тежок периодот на исчекување од последното испитување, па до моментот додека да ги добиеш резултатите?

Искрено не многу. Длабоко во себе чувствував дека тука ќе биде крајот на битката, но знаете... секогаш она мало жарче на сомнеж постои и ќе постои, па некако не ги ни чекав со нетрпение резултатите, затоа што, не дај Боже ако не беше сè чисто ќе мораше пак одново да почнеме.

Па си викав да поуживам уште малку.

Дали во овој период те следеше позитивна мисла или и понатаму имаше стравови дека можеби борбата продолжува?

Како што кажав, сомнежот и стравот се неизбежни, но со моите деца, семејството и пријателите немав време да мислам на лошо.

Едноставно знаев дека мора да е крај, а ако не е ќе се избориме повторно, си викав. Ако ‘господинот’ одлучил да биде упорен, јас одлучувам да бидам уште поупорна... дефиниција за жена ха, ха, ха.

ivana-od-prilep-go-pobedi-rakot-kjerka-mi-5-mi-ja-skrati-kosata-koga-pochna-da-mi-pagja-od-hemoterapijata-06.jpg

Продолжува на следната страница..



Би можело да ве интересира:

Ивана од Куманово е девојка со „храбар“ моден стил со експлозија од бои - не сака да се вклопи, туку... „Носам облека што ме прави среќна. Во мојот ум, класичниот леопард принт е „неут...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава