Моника Коцарева, дизајнерка, за стилот и убавината: „На пат не тргнувам без сако, преферирам женствена облека“
Нега на лицето и телото
Мојата дневна рутина за нега на лицето и телото е едноставна, но редовна и внимателна.
Најважно ми е кожата да биде чиста, хидрирана и негувана, па секогаш почнувам и завршувам со основна нега на лицето, а на телото му посветувам внимание преку хидратација и нежна нега.
Низ годините рутината ми се има променето – порано експериментирав повеќе, а сега се држам до тоа што навистина ѝ одговара на мојата кожа и се фокусирам на квалитет наместо на квантитет.
Одвреме-навреме одам на козметички третмани, особено кога сакам дополнителна свежина или подлабинска нега, но во голема мера сама се грижам за изгледот дома.
Понекогаш си ставам и маски за лице, најчесто кога сакам момент за релаксација и дополнителна нега, и тоа ми е мал ритуал за себе.


Начин на исхрана
Доста внимавам на исхраната, но се трудам да имам балансиран пристап и да не си наметнувам строги правила.
Сакам да јадам квалитетна и свежа храна, но и да си дозволам уживање кога ќе посакам.
Постојат некои намирници од кои се воздржувам или ги консумирам поретко, иако ми се многу омилени, особено кога чувствувам дека не ми годат или не се во склад со мојот ритам.
Најмногу сакам едноставна, но вкусна храна, со свежи состојки и добар баланс.
Моето омилено јадење е риба. Бидејќи ја спремаме дома често, имаме воведено разни начини на спремање како: риба во фолија во рерна, на скара, печење во сол, рибна чорба и слично.
Најчесто ја спремаме во комбинација со зеленчук.


Фитнес рутини
Вежбам и се трудам физичката активност да ми биде дел од секојдневието.
Имав строго дефинирана фитнес рутина со приватен тренер, и внимавав да бидам дисциплинирана, но сега правам кратка пауза и планирам во најскоро време да се вратам пак.
Планинарењето не е активност што ме привлекува. Претпочитам активности што повеќе одговараат со мојот животен стил и енергија.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело