Моника Коцарева, дизајнерка, за стилот и убавината: „На пат не тргнувам без сако, преферирам женствена облека“
- Детали
- понеделник, 26 јануари 2026
„Пазарам и тука и во странство, но во странство најчесто наоѓам инспирација и уникатни парчиња кои не се толку достапни кај нас“, вели модната дизајнерка Моника Коцарева, а ни ги откри и своите тајни за нега и убавина.

Модната дизајнерка Моника Коцарева е позната по својот префинет стил на облекување. Таа е секогаш дотерана во јавноста, без оглед дали станува збор за елегантен настан или носи покежуал комбинација.
Оваа млада дама, која неодамна имаше и ревија на Париската модна недела, ни ги откри своите тајни на стилот, негата, убавината, начинот на исхрана.


Прочитајте го интервјуто на Моника Коцарева за CRNOBELO.com:
Стил на облекување
Мојот стил на облекување е претежно елегантен, женствен и софистициран, но сакам да го комбинирам со минималистички и модерни елементи.
Почесто избирам елегантни парчиња отколку спортски, но за патување и секојдневие сакам и удобни, едноставни кроеви.
Најмногу купувам палта/сакоа и впечатливи аксесоари кои го заокружуваат целиот изглед.
Пазарам и тука и во странство, но во странство најчесто наоѓам инспирација и уникатни парчиња кои не се толку достапни кај нас.


Без кое парче никогаш не тргнувам на пат? Тоа е добро скроено сако што секогаш го подигнува стајлингот.
Никогаш не би облекла нешто што не ми одговара на силуетата или не е во склад со мојата енергија и стил.
Моето омилено парче што го поседувам е еден безвременски елегантен „Коцарева“ фустан кој можам да го носам во различни пригоди и секогаш се чувствувам самоуверено во него.

