Ивана од Куманово е креативна девојка - работи како продукт и индустриски дизајнер, обожава природа и изложби
- Детали
- понеделник, 04 мај 2026
„Уште од мала ме привлекувале мода, естетика, шминка и уредување на простори. Во слободно време често играв игри за уредување на ентериери, што постепено ме насочи кон дизајнот како начин на размислување и изразување“, вели Ивана Недељковска (30) од Куманово, која направи уникатни дизајни.

Ивана Недељковска (30) од Куманово работи како продукт и индустриски дизајнер, а за нејзината креативност само небото е граница.
Оваа млада и креативна девојка ја споделува својата приказна за CRNOBELO.com:
„Уште од мала ме привлекувале мода, естетика, шминка и уредување на простори. Во слободно време често играв игри за уредување на ентериери, што постепено ме насочи кон дизајнот како начин на размислување и изразување.
Во еден момент си поставив прашање - Зошто ова да не го работам професионално?

Почнав да истражувам каде можам да се запишам и така дојдов до Скала - Академија за ентериер и продукт дизајн во Скопје, каде што се запишав во 2023 година.

Првично тргнав со желба да се насочам кон ентериер дизајн, но како што напредував низ процесот, сè повеќе се пронаоѓав во продукт дизајнот.
Таму ја најдов вистинската комбинација на идеја, форма и функција.

По завршувањето на академијата, свесно одлучив да продолжам со продукт дизајн, иако знаев дека оваа област кај нас не е доволно развиена.
Сепак, верувам дека кога нешто го работиш со љубов, можеш да создаваш вредност без разлика каде се наоѓаш.

Денес работам на развој на концептуални и реални производи, со посебен фокус на асистивен дизајн - решенија кои имаат потенцијал да им го олеснат секојдневието на луѓето, особено на оние со посебни потреби.

Еден од моите позначајни проекти е концептот AQUA HUMAN, кој беше објавен на меѓународни платформи и привлече внимание на глобално ниво.