Ивана од Куманово е креативна девојка - работи како продукт и индустриски дизајнер, обожава природа и изложби
Покрај концептите, имам и реализиран производ - MODERNA, современа маса со стаклена површина и скулптурална основа, која може да се прилагодува според различни материјали и димензии, во зависност од потребите на клиентите.
Меѓу моите досегашни активности се и учество на AI Tech Summit Skopje 2025, Skopje Design Week 2024, како и студентската изложба во рамки на академијата во 2024 година.

Мојата најголема страст е дизајнот - особено кога знам дека еден концепт денес може утре да стане решение кое ќе им помогне на луѓето да живеат полесно и поквалитетно.
Во слободно време ме исполнува сè што е поврзано со дизајн и технологија.

Сакам да читам книги, да пешачам и да поминувам време во природа, од која често ја црпам мојата инспирација. Особено ме интересира истражување на растенија и здрав начин на живот.

Исто така, сакам да посетувам изложби и различни креативни простори, бидејќи токму тие моменти често ми даваат нови идеи за моите следни дизајни“.

С. С. | Црнобело