Љубовната приказна на Симона Калица и Горан од Битола: „Некои љубови не доаѓаат како гром од ведро небо, туку тивко“

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-09.jpeg

Иако реално не знаев ни што проверувам, уште посамоуверено одговорив: „Не, не, сè е во ред“.

Со Горан се знаевме од низ град . Имавме заеднички познаници, сме биле на исти места, но никогаш претходно немавме вистински контакт.

Потоа поминаа неколку денови, а можеби и недели до нашата следна средба.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-08.jpeg

Но, како што велат, упорноста секогаш си го наоѓа патот. Или, како што би рекле: If there’s a will, there’s a way.

И така, од едно едноставно прашање „Да не ти треба помош?“, започна приказна која ниту еден од нас не можеше да ја предвиди, а денес ни е една од најдрагите спомени.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-06.jpeg

Инаку, морам да признаам дека е вистински харизматичен тип. 

Но, ако треба да издвојам нешто што навистина ме освои кај него, тогаш тоа е неговата упорност.

Од самиот почеток не се откажуваше лесно, а со текот на времето сфатив дека токму таа негова истрајност е придружена со многу грижа, внимание и љубов.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-12.jpeg

Искрено, не можам да кажам дека ме освои со една конкретна работа. Секој ден, на свој начин, ме освојува повторно – со сè што прави за нас, со поддршката, со малите гестови и со начинот на кој заедно го градиме нашето секојдневие.

Но, ако треба да бидам сосема искрена, неговата упорност дефинитивно доминираше.

Не можам да кажам дека уште во првиот миг знаев дека тој е „вистинскиот“. Некои љубови не доаѓаат како гром од ведро небо, туку тивко се вселуваат во срцето.

Со секој изминат ден, низ малите гестови, разговорите и заедничките спомени, сфатив дека не сме создадени еден за друг затоа што така било пишано, туку затоа што заедно ја создадовме таа приказна.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него... „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 ...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...
Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава г... „Работевме на ист брод, но нè разделија... Двапати патував со автобус 14 часа са...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...

Најчитани неделава