Наташа од Битола направи свадбена торта ремек-дело: „Висока 2 метри, тешка 120kg, со 750 цветови покриени со 24-каратно злато“
Тортата тежеше повеќе од 120 килограми, при што дел од неа беше вистинска торта, а дел декоративна макета.
Нејзиниот надворешен изглед дополнително беше збогатен со бисерна прашина, која ѝ даде уште поголем сјај, елеганција и гламур.

Покрај тортата изработивме и слатка маса со 500 префинети колачи, секој со уникатен дизајн, украсени со иницијалите на младоженците, позлатени лажички, детали од 24-каратно злато, шеќерни стакленца и златна прашина.
Сите овие елементи создадоа впечатлива и луксузна целина која совршено се вклопи во амбиентот.

Јас и мојот тим сме неизмерно среќни и горди што успеавме беспрекорно да го реализираме овој проект и што бевме дел од еден толку важен и незаборавен ден за младоженците.
Најголемата награда за нашиот труд е сознанието дека со нашата работа придонесовме нивната свадбена приказна да биде уште поубава, погламурозна и незаборавна“.

Kликнете на видеото од поставувањето на тортата:
С. С. | Црнобело