Ангела од Скопје, дипломиран радиолог: „Студирав и работев по 2-3 работи паралелно, како медицинска сестра, водителка, карикатурист“
Успешно го положив испитот и тогаш сфатив дека упорноста секогаш победува. Не можеме секогаш да ги контролираме околностите, но можеме да одлучиме дали ќе се откажеме или ќе продолжиме да се бориме.
Ако денес можев да ѝ дадам совет на Ангела од прва година, би и кажала само едно: „Продолжи. Ќе има денови кога ќе мислиш дека целта е далеку, но никогаш не се откажувај“.

На крајот сфатив дека дипломската работа беше најлесниот чекор. Најголемиот предизвик беше сè што ѝ претходеше, годините исполнети со учење, работа, постојана борба со времето и непрекинато вложување во себе.
Денес можам со сигурност да кажам дека секој чекор вредеше, затоа што токму тешкиот пат го прави успехот толку сладок.
Најмногу од комфор-зона ме извадија работата како радиоводителка и создавањето на сопствениот бизнис со карикатури. Радиото ми помогна да ја надминам тремата, да ја зголемам самодовербата и да ја пренесам позитивната енергија преку комуникација.

Преку маркетинг-соработките стекнав искуство во претставување идеи и креирање содржина, па токму затоа маркетингот за моите карикатури ми оди толку природно. Најголемиот предизвик беше да создадам нешто свое. Она што започна како хоби и љубов кон креативноста, денес прерасна во препознатлив бренд на кој сум неизмерно горда.
Мојата најголема мотивација отсекогаш биле моите родители и желбата секогаш да бидат горди на мене. Нивната поддршка ми даваше сила и во најтешките моменти.


Дополнително, работата со пациенти ме научи дека секојдневните благодарности и благослови имаат непроценлива вредност.
Тие ме потсетија дека секоја професија има вистинска смисла кога е исполнета со емпатија, човечност и искрена желба да му помогнеш на другиот.

За мене ова не е крај на едно поглавје, туку почеток на професионалниот пат во медицината, пат на кој ќе продолжам постојано да учам, да се надoградувам и да растам како здравствен работник“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело