Петар Аврамоски, визуелен уметник низ чиј објектив Македонија е најубавата земја на светот (фото)

Петар Аврамоски (26) е графички дизајнер и визуелен уметник којшто голем дел од младоста го поминал во Прилеп, а остатокот е резидент на Скопје. Неговиот профил на Инстаграм е неверојатен омаж за Македонија исполнет со фото и видео фрагменти кои потврдуваат дека живееме во една од најубавите земји во светот.

Petar-Avramoski-vizuelen-umetnik-01.jpg

За него, Националниот парк Шар Планина се Алпите на Балканот. Македонија е еден прекрасен бисер што е заборавен во некоја фиока и чека да биде одново пронајден.

Неговите фотографии ќе ве остават маѓепсани, а видеата со природните убавините ќе ве инспирираат што поскоро да ги посетите Крушево, Матка, Кожуф, Зовиќ, Дошница, Куклица … и уште повеќе локации низ Македонија чија лиџба го одзема здивот.

View this post on Instagram

A post shared by Petar Avramoski (@ernesto_petar)

View this post on Instagram

A post shared by Petar Avramoski (@ernesto_petar)

Тој за CRNOBELO.com одговори на неколку интересни прашања...

Како се заинтересира за фотографија и колку долго се занимаваш со неа? Дали некој влијаеше врз твојот стил? Имаш ли некое формално образование за фотографија или визуелни уметности?

Мојот интерес за фотографијата се појави постепено во моите студентски денови како начин и медиум со кои сакав да ги покажам моите погледи на светот околу мене и некако ненаметливо фотографијата стана голем дел од моето секојдневие. Веќе три години професионално се занимавам со фотографија и видео, а пред тоа и неколку како аматер фотограф.

Во процесот на заљубување во фотографијата најпрво влијаеше фотографијата на 35 мм филм како една загубена уметност а понатаму и фотографи како George Steinmetz, Nadia Lee, Alessio Albi итн.

Формално образование во полето на фотографијата за жал или за среќа немам, односно сè она што сум научил е чин на моето љубопитство и желба да се надоградувам, но би кажал дека како љубител на ликовната уметност и дизајнот имав некоја основа затоа што овие дисциплини и делат голем дел од своите принципи.

Што претставува фотографијата за тебе?

Фотографијата за мене претставува најголемиот прозорец во светот низ којшто може да погледнеме перспективи кои никогаш не би ги доловиле со нашето око, да си раскажеме приказни кои не би биле кажани на ниту еден друг начин.

Фотографијата е најубавиот временски портал којшто има моќ да избрише за миг илјадници километри и да нè однесе на места за коишто би сонувале или да нè врати во минатото за да посведочиме одново на моменти од нашата историја.

Што е клучното да се направи една добра фотка - инспирација, талент, опрема или?

Таа дилема е всушност и еден чуден парадокс. Имено, според мене, не би можел некој да направи добра фотографија каква и да има опрема ако нема инспирација или идеја, а не би можело идејата во целост да се изреализира доколку ја немаш правилната опрема или пак талентот да ги пронајдеш оние кадри (експозиции) каде што обичното око не би пронашло ништо вредно за да погледне бар и миг.

Колку време е потребно да се направи добра фотка и видео? Раскажи ни малку повеќе детали за твоето искуство со фотографирање и снимање видеа со дрон?

Секоја фотографија за себе има различен животен век, некои се прават во моментот, тогаш и на тоа место како сплет на околности (пр. Че Гевара на Алберто Кодра, фотографијата од оној принт на Че што сите го знаеме), а некои фотографии се прават и со години, одново и одново додека не се поклопат коцките во универзумот и не излезе онаа фотографија што ја имаш замислено.

Сепак, фотографијата, за разлика од видеото е само еден момент, има своја крајност и малку подлабоко значење од видеото. Видеата секогаш се планираат многу однапред и бараат поконтролирана средина, се случувало за одредени видеа да планирам како точно да се движам за да го добијам тоа што сакам или претходно да отидам на локацијата за да знам што да очекувам.

Уште понагласено е тоа кога се работи за дрон, затоа што многу зависи од временските услови (дали има ветер, дали има премногу сонце или дожд итн.), зависи и од локацијата што има да понуди, секогаш снимките се прават неколкупати од различни агли, па и неколку фотографии за да се има простор да се коригира во постпродукција.

Како ги избираш локациите и времето од денот за фотографирање? Дали повеќе преферираш изгрејсонца или зајдисонца?

Има интересен феномен, тоа што најубавото време од денот е изгрејсонцето. Најчесто тогаш времето е мирно, светлината е мека како крем, има долги сенки, многу боја на небото и тоа е прекрасно, но тоа трае многу кратко речиси минути.

Додека многу полесно е при зајдисонце и затоа најчесто тогаш сликам затоа што светлината е исто мека, порозова и трае повеќе време што остава повеќе простор за работа.

Колку Македонија има потенцијал за добри фотки, кои се твоите омилени места што си ги фотографирал низ Македонија и што ти оставило исклучителен впечаток?

Македонија е еден прекрасен бисер што е некако заборавен во некоја фиока и чека да биде одново пронајден. Од моето искуство, би кажал дека е непресушен извор на глетки кои може да се овековечат.

За среќа сега повторно ги откриваме и полесно ги дознаваме со дигиталното доба и социјалните медиуми, а тоа отвора и едно етичко прашање „Колку ќе се трудиме да ги заштитиме и зачуваме?“.

Омилена локација би рекол е нашиот најмлад, од пред некој ден, Национален Парк Шар Планина, која е како Алпите на Балканот полна со мистичност, восхит и многу убави глетки.

Кој е твојот неостварен сон односно локација за фотографирање?

Место што би сакал да го фотографирам е некоја од саваните во Африка, поради дивата природа, како и Исланд и Фарските Острови поради мистичноста што сами по себе ја носат тие предели.

Дали може да се живее од фотографија во Македонија?

Може да се живее од сè доколку се пронајде вистинското решение како да се заработи. Сепак видовме дека за време на пандемијата фотографите (барем тие што заработуваа од комерцијални настани) останаа со малку или без работа.

Сепак тоа беше една вонредна ситуација и сметам дека генерално може да се живее, но само ако се задржи тој баланс помеѓу уметност и заработка. Доколку се фотографира само за да се заработи тогаш тие не се фотографи.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg