Ксенија Николова, искрено за животот: „По видеото за неплодноста сфатив колку многу нè има“

Неодамна поразговараме со Ксенија Николова, автор на неколку успешни романи и човек кој ги инспирира луѓето на социјалните мрежи и отворено зборува за менталното здравје и проблемите со кои постојано се соочуваме. 

BeFunky collage copy copy

Во продолжение прочитајте ги искрените одговори што ни ги даде Ксенија.

Ксенија, имам на ум да ти поставам толку многу прашања, ама ќе почнеме од оние кои се поврзани со пишувањето. Лани, во сред пандемија, ја издаде твојата шеста книга, „Незадоволна“ и во неа од различни перспективи го разгледуваш прашањето „дали сум во право“, што скоро секоја жена си го поставува. Какво незадоволство произлегува од несигурноста и сомнежот што го имаме за нас самите?

Драго ми е што ја имаме оваа прилика да си помуабетиме. Незадоволството беше мојот главен мотив кој ме турна да ја напишам „Незадоволна“. Почнувајќи од себеси и мојата борба со незадоволството, помислив колку е важно сериозно да ја сфатиме оваа тема, затоа што навистина незадоволството создава комплетно поинаква перцепција за животот, која не само што е погрешна, туку и опасна.

Секој од нас талка по својата среќа, но ние како луѓе честопати преферираме да мислиме дека некој друг има задача да нè направи среќни, сакаме да си ги префрламе обврските на другите и наоѓаме удобност во позицијата на жртва, некогаш свесно, но најчесто несвесно.

Се радувам што овој роман им се допадна на многу жени, бидејќи јас имено им го посветив ним. Тешко е да му плеснеш шлаканица на читателот и да го убедиш дека тоа е за негово добро. Мислам дека тоа е постигнато во овој роман и тоа од една дистанца којашто е доволно далечна за читателот сам успее да дојде до своите заклучоци, но истовремено и доволно блиска за сето тоа да има душа.

ksenija nikolova pisatelka znam sto sakam se cenam sebesi i gi cenam i drugite no nemam poveke tolerancija za ona koe ne me ispolnuva 4

Читателите те препознаваат по тоа што твоите книги ги пишуваш во машки род, а за промена, во последниот роман нараторот е жена. Која е клучната разлика помеѓу машкиот и женскиот наратор? Преку чиј глас полесно можеш да се изразиш?

За мене лично, нема разлика, различно е само чувството кое во себе го имам додека пишувам. Но, сега се качувам на ново скалило и новиот роман го пишувам во трето лице, нешто кое досега не сум го направила.

За мене лично, тоа оди потешко, но затоа сум сигурна дека ќе излезе нешто добро накрај. Секојпат кога ја напуштам својата удобна зона, учам и растам.

Некаде имаш кажано дека кога светот спие, тогаш се пишуваат најубави приказни. Како ти се справуваш со секојдневните обврски и напливот на информации во период кога имаш најголема потреба да раскажуваш?

Мене сето тоа ме инспирира, јас сум отворена и така инспирацијата ме наоѓа. Истовремено, имам одлична вештина да се исклучам од сето она кое е токсично, можам да бидам во иста просторија со некого и да не го слушам воопшто, ако така одлучам. Имам развиено свој механизам кој ме штити и тоа е мојата оаза.

Инспирацијата ме наоѓа, бидејќи знам како да ја пречекам, знам да ја препознам и да ја привлечам.

Од она што можам да видам, во последен период, вниманието го насочуваш кон странскиот пазар. Твојата книга „Сите мажи ја сакаат Лиа“, веќе доживеа англиско издание, а се подготвува и нов превод... Како течеше целата потрага по преведувач, издавач и смислување на маркетинг кампања за да можеш своето место како автор да го најдеш и на светскиот пазар?

Да, моментално мојот фокус е повеќе на странскиот пазар, а сето тоа се случи со многу труд, упорност и работа на себе како автор и секако човек. Ме чека уште многу растење, уште еден куп предизвици, учам секој ден и секој ден слушам по некоја критика за себе, но тоа не ме повредува, тоа ме освестува и ме мотивира. Тоа е единствениот начин за наоѓање место под Сонцето.

„Сите мажи ја сакаат Лиа“ излезе во септември оваа година, а веќе во април ќе излезе и „Незадоволна“ на англиски, а претходно беше преведен и романот „Емотивен манипулатор“ на бугарски јазик и беше промовиран во Софија во јули. Има тука уште едно изненадување кое наскоро ќе го објавам, се случи уште еден превод и склучен договор со една голема издавачка куќа од една голема земја. Но, за тоа наскоро.

Можам да кажам дека одам чекор по чекор, јас сум странец во тој свет, мојата стекната публика чита на македонски, затоа мојата задача е двојно потешка, јас треба одново да се докажувам и одново да го заслужам своето место, и тоа помеѓу луѓе кои не ме познаваат, никогаш не ме сретнале и не ме доживеале. Тоа е голем предизвик. Засега коментарите се охрабрувачки, полека им се доближувам на читателите и знам дека трпението ќе си го направи своето.

ksenija nikolova pisatelka znam sto sakam se cenam sebesi i gi cenam i drugite no nemam poveke tolerancija za ona koe ne me ispolnuva 3

Мислам дека сега може да продолжиме понатаму. Ксенија, активна си на социјалните мрежи и имаш одлична поврзаност со своите следбеници, што е она што тие најмногу сакаат да слушнат и видат од тебе?

Мислам дека имам изградено еден искрен однос со нив, тие не се таму за драма, тие не ме набљудуваат, туку ние едноставно се дружиме, охрабрувајќи се едни со други. Мислам дека моето катче се претвори во едно позитивно место и драго ми е поради тоа. Споделувам корисни нешта, разговараме, секако сржта е мојата уметност, па мислам дека најмногу уживаат во моите цитати.

Човекот треба отворено да зборува за она што чувствува и што го мачи. Повеќе од 13 години се справуваш со анксиозност, тоа јасно и гласно го споделуваш на социјалните мрежи, го пишуваш во своите романи, се сеќаваш ли на моментот кога ја собра потребната храброст и на „анксиозноста ѝ погледна во очи?“

Се сеќавам и се сеќавам дека кога го направив првиот чекор и споделив нешто за тоа, луѓето кои ме познаваат имаат реакции како нешто да не е добро со мене. Знам дека не им беше јасно што правам и зошто го правам тоа, но мислам дека сега кога веќе анксиозноста е толку зборувана тема, можеме да заклучиме дека треба да се зборува за таквите нешта.

Јас мојата приватност ја чувам за себе, но анксиозноста не е моја приватност, таа не ми припаѓа мене, таа е сериозен проблем со кој се борат многу луѓе, а јас како некој кој има глас, не сакам и не смеам да бидам игнорантна. Тоа беше мојот мотив и драго ми е што некој лед беше скршен, драго ми е што сè повеќе отворено зборуваме и за одењето на психолог, драго ми е што не се срамиме од тие нешта.

ksenija nikolova pisatelka znam sto sakam se cenam sebesi i gi cenam i drugite no nemam poveke tolerancija za ona koe ne me ispolnuva 5

Се сеќаваш ли кои фрази постојано ги повторуваше на почетокот за да се опуштиш и смириш?

Па, мислам дека сè додека не почнав со редовна психотерапија, сè некако беше импровизација. Мене тоа многу ми помогна и мислам дека создадов една нова и прекрасна навика. Нема ништо поубаво од работата на себеси. Кога ќе сфатиш дека сите одговори се во тебе, тогаш почнува твоето обновување.

Кога веќе подобро почна да се разбираш со својата анксиозност и кога ги запозна лицата што ги пројавува стравот, кои работи почна да ги воочуваш во животот што претходно воопшто не си ги забележувала?

Ова е одлично прашање. Навистина, откако почнав сериозно да работам на себеси, почнав да забележувам колку луѓето не работат на себеси. Така, едноставно стана невозможно да се поврзам со некои луѓе кои одлучиле да останат на истата точка, да не пораснат.

Тоа не се лоши луѓе, но јас не можам да имам такви луѓе околу себеси, тоа ми е сега кристално јасно. Го избегнувам сето она кое не е добро за мене, го избегнувам сето она кое ме вознемирува, не го губам своето време и не им го давам на оние со кои не ми оди муабетот со леснотија, знам што сакам, се ценам себеси и ги ценам и другите, но едноставно немам повеќе ни еден процент толеранција за она кое не ме исполнува.

ksenija nikolova pisatelka znam sto sakam se cenam sebesi i gi cenam i drugite no nemam poveke tolerancija za ona koe ne me ispolnuva 6

Пред извесен период на Инстаграм објави видео, кое надмина 50.000 прегледи и допре до многумина, а го посвети на сите херои, на сите борци со стерилитетот. Направи реализација на твојата идеја и што следуваше после тоа...?   

Тоа е уште еден чекор кој едноставно морав да го направам и тоа е уште една тема за која едноставно мораме да почнеме да разговараме. Неверојатен беше одзивот и сфатив колку многу нè има.

Борбата е тешка, можеби една од најтешките, но мислам дека ваквите нешта даваат надеж и шират љубов. После тоа видео, ме исконтактираа многу луѓе и драго ми е поради тоа. Станав дел и од едно здружение „До бебе по пат на ИВФ“ кое се бори токму за овие нешта и сакам да им помогнам. Мораме да ги користиме своите ресурси, ако имаме начин да помогнеме, треба да го направиме тоа, без размислување. Оваа борба не е моја, туку е наша, стерилитетот не е мој, туку е наш и така треба да го третираме.

Со ова прашање ќе го завршиме разговорот. Според тебе кои се најохрабрувачките прашања што некој човек треба да ги постави на своја блиска личност што страда од анксиозност?

Ти благодарам. Мислам дека секогаш мотивира прашањето – „Дали знаеш дека секојпат кога мислиш дека нема да издржиш, ти издржуваш?“

ksenija nikolova pisatelka znam sto sakam se cenam sebesi i gi cenam i drugite no nemam poveke tolerancija za ona koe ne me ispolnuva 7

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg