Александра Шијакоска за CRNOBELO.com: „Кога ми кажаа дека ризикот од смрт е многу голем прво се исплакав, сила најдов во луѓето кои ме сакаат“

„Не постои жив човек кој нема да го промени ваква лекција во животот. Овие 3 месеци живеев во страв дека секој момент ќе се искомплицира нешто и ќе треба да ме вратат на болница, сите се согласни дека туморот е стар околу 10 години, а јас претходно немав ниту еден симптом“– открива во интервју за CRNOBELO.com битолчанката Александра Шијакоска по 4-те операции за отстранување на тумор на мозокот.

aleksandra-shijakovska-za-crnobelo-com-po-operacijata-na-tumor-na-mozokot-vo-poslednite-3-meseci-zhiveev-vo-strav-deka-kje-me-vratat-vo-bolnica-01.jpg

Битолчанката Александра Шијакоска е една од најпознатите македонски модни блогерки, која (неодамна) на возраст од само 29 години мораше да се бори со тешка животна битка, тумор на мозокот.

Александра 7 години има свој профил на Инстаграм, од кои 5 години истиот е во функција на моден блог, а како што вели за CRNOBELO.com, во последните 3 години заработува од него и со гордост се нарекува себеси моден блогер, иако, повеќе сака и се труди да остави животен пример на помладата генерација отколку моден.

Кога станува збор за животните примери што Александра ги остава на младата популација, нејзината последна битка е еден од најважните моменти, што таа јавно ги сподели со нејзините следбеници. 

На Инстаграм луѓето имаа можност да ја следат нејзината борба за животот, но и упорноста и истрајноста херојски да излезе како победник и да не се откаже и покрај тешкотиите.

aleksandra-shijakoska-za-crnobelo-com-po-operacijata-na-tumor-na-mozokot-vo-poslednite-3-meseci-zhiveev-vo-strav-deka-kje-me-vratat-vo-bolnica-02.jpg

Македонската јавност се сплоти во молитвите за побрзо закрепнување на младата девојка и постојано ги следеше нејзините објави со надеж дека таа брзо ќе се избори.

Сега 3 месеци по операцијата, Александра полека му се враќа на секојдневието со нови објави на Инстаграм, а најде време и да одговори на прашањата поврзани со нејзината здравствена состојба.

Во интервју за CRNOBELO.com Александра открива како поминал целиот процес, но и како се чувствува сега, нешто повеќе од 2 месеци откако ја водеше најголемата битка.

Пред сè, како се чувствуваш сега и колку време помина од последната операција?

Сега физички сум многу подобра, психички сѐ уште се трудам да бидам истата, но во ваквите случaеви тој дел е секогаш потежок. Поминаа нешто повеќе од 2 месеци од последната операција па си давам време за да се прилагодам на некои работи.

Кои ти беа првите симптоми и како одлучи да појдеш на лекар?

Во мојот случај најчудно беше тоа што немав никакви симптоми. Докторите беа согласни со тоа дека туморот е стар повеќе од 10 години, а јас за тие 10 години немав никаков симптом.

Во случаеви како мојот со тек на време се намалува вид, слух, откажуваат раце, нозе. Мене перфектно ми фунционираше сѐ.

Дознав благодарение на сообраќајка пред една година.

Имено после сообраќајката почнаа и главоболките. Не беа нормални како секојдневна главоболка туку вознемирувачко чкрипење кое траеше неколку секунди-минути. Престануваше кога ќе сменев положба на главата.

Загрижена бев затоа што чувствував дека не е обична главоболка но мислев дека е некоја повреда од удари во сообраќајката па не обрнав многу внимание на тоа.

Кога главоболките продолжија и наредните неколку месеци, сите настојуваа и морав да закажам магнетна снимка на главата. Така го откривме туморот. Немаше сомневање за тоа колку е опасна и тешка ситуацијата.

Каква ти беше реакцијата, откако ја слушна дијагнозата? Што направи прво?

Многу ми беше тешко, иако се трудев да не го покажам тоа пред најблиските. Знаев дека мора да бидам силна за нив. И не сакав да ме памтат како скршена или слаба.

Сакав да ме памтат каква што сум била секогаш. Нормално кога ми кажаа дека ризикот од смрт е многу голем прво се исплакав, потоа сакав да ги видам сите луѓе кои ми значат.

Сакав да си одиме дома па потоа да размислуваме што понатаму и да бараме трето и четврто мислење.

Кој ти беше најголема поддршка во целиот процес?

Најголема поддршка ми беше мојот дечко, кој сум сигурна дека Господ ми го пратил со причина затоа што без него немаше да издржам ништо од ова.

Тој беше силен за двајцата, никој друг не би го издржал тој процес кој го поминавме заедно. Сестра ми, зет ми, моето семејство, семејството на Едмонд беа цело време со мене и покрај мене. Им бев многу голем товар и психички и финансиски.

Важно сега сум тука и ќе можам еден ден да се оддолжам на сите.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава