Александра Шијакоска за CRNOBELO.com: „Кога ми кажаа дека ризикот од смрт е многу голем прво се исплакав, сила најдов во луѓето кои ме сакаат“

Каде се одвиваше лекувањето и зошто дури 4 операции?

Лекувањето се одвиваше во приватна клиника во Солун, одлучивме за таму поради докторот, препораки за него и соодветната технологија потребна за тој оперативен зафат. Докторот буквално имаше по две-три операции дневно, секој ден.

Моите дополнителни три операции беа поради компликации. Во мојот случај имаше премногу компликации затоа што беше тежок од самиот почеток.

Не беа ни сигурни дека туморот можат да го извадат целосно, или дали можат да го извадат без да оштетат многу од виталните центри во мозокот.

Првата операција на 10.03 беше за да се извади туморот и таа помина успешно. Болницата ја напуштив по 10 дена.

Наредните седум дена се влоши ситуацијата и на 27.03 со брза помош бев вратена назад во Грција каде што повторно ми беше ставен надворешен дрен, докторот сакаше да даде уште една шанса на мозокот.

Кога по седум дена увиде дека мозокот не може да се прилагоди на новиот простор и дека дојде моментот кој никој не го сакавме, мораше да постави и внатрешен дрен, на 05.04.

До последната операција на 19.04 дојде поради затнување на еден дел од дренот во главата, па мораше да се замени со нов. Тоа скоро и никогаш да не се случува, но како што кажав, јас сум магнет за неволји.

Со каква мисла појде на првата операција, а со каква на четвртата?

Првата операција ја прифатив многу смирено, знаев дека ќе се вратам. Чувствував дека има уште многу добри работи кои треба да ги завршам и дека не е крај.

За последната беше уништен и тој мал ентузијазам и верба кои ги имав во себе. Јас буквално се имав откажано од животот и бев како растение. Ни зборував, ни јадев па ни сакав да се опоравам. Многу тежок процес кој не го посакувам на никој.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Veseli Shijakoska (@aleksandrashijakoska)

Колку ова те промени како личност? Промени ли нешто во начинот на кој функционираш во секојдневието?

Не постои жив човек кој нема да го промени ваква лекција во животот. Никогаш нема да гледам исто на ништо.

Овие три месеци живеев во страв дека секој момент ќе се искомплицира нешто и ќе треба да ме вратат на болница.

Се надевам дека во иднина ќе можам да живеам без да гледам преку рамо и да се плашам од каде следно ќе ме удри животот.

На колку време сега треба да правиш проверки и дали ќе треба да ги правиш до крајот на животот?

За жал сум обврзана да правам проверки и снимки до крај на животот. Ситуацијата мора да се прати засекогаш за да може да се реагира навреме. Морав и да го сменам начинот на живот и тоа е трајно.

Знаеш да кажеш дека добро си го измачила својот ангел чувар... Кои се другите тешки мигови со кои си се соочила во животот?

Не би навлегувала во моите тешки ситуации во животот, но да многу добро го измачив мојот ангел чувар. Сигурно му доаѓа да ме тресне по глава.

Како и да е никогаш не сум имала избор. Лепенка сум за неволји и се помирив со истото одамна.

Како пронаоѓаше сила во најтешките мигови? Што ти е издувен вентил сега?

Сила секогаш наоѓам во луѓето кои ме сакаат и се покрај мене. Тоа редовно кажувам на Инстаграм. Дека сум благословена со најдобрите пријатели, сите се тука за мене во текот на целиот живот и имам премногу пријатели кои се би направиле за мене, а и јас за нив.

Совет за сите што се соочуваат со заплашувачка здравствена дијагноза...

За сите што се соочуваат со нешто слично да не се плашат воопшто. Тажен си, животот ти се руши? Ќе помине… Среќен си, ти цветаат рози, и тоа ќе помине.

Во животот сè поминува и среќа и тага. И од тоа што е за тебе не се бега, на овој или оној начин ќе те стигне.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg