Моника од Струга го победи ракот на грло на матката: „Крвавењето меѓу два циклуса ми беше сигнал дека нешто не е во ред“

„Не сте сами. Кога стравот и неизвесноста ви носат облаци на патот, сетете се дека постои сила во вас за која не сте ни свесни дека ја имате. Ракот може да ви го промени живот, но не и вашата способност да се борите. Посилни сте отколку што мислите“ - вели Моника, која веќе 3 години живее без карцином.

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-01.jpg

Моника Јованоски од Струга е мажена во струшкото село Мислешево, каде што живее со сопругот и нивните три девојчиња Инес (11), Софија (8) и Деспина (7).

На Моника на 31 година ѝ бил дијагностициран карцином на грлото на матката, но за среќа, болеста за неа е веќе минато, а таа три години добива негативна дијагноза на лекарските контроли.

Иако во првиот момент се нашла во шок, се јавила кај својата мајка, а потоа и кај сопругот, кој веднаш си дошол дома со крст во раката, уверен дека таа ќе биде добра.

Моника веднаш била оперирана, а потоа следувала и фазата на опоравување со 25 болни зрачења, но без хемотерапија, што ѝ било огромно олеснување.

За сето тоа време, покрај неа биле и семејството и пријателите, па Моника не крие дека е среќна што ги има и признава дека без нив немала да успее и да ја победи болеста.

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-06.JPG

За својата борба, стравовите, но и процесот на лекување и конечната дијагноза дека карциномот е зад неа, Моника ни раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Каква беше првата реакција кога ви соопштија дека имате рак на грлото на матката? Како се справивте со шокот?

Се сеќавам дека бев дома со моите деца кога ми се јави докторот кој ми ја правеше биопсијата.

Неговиот глас беше поразителен и со едно ниво на утеха.

„Стигнаа резултатите, се работи за карцином во рана фаза на болеста, ќе биде потребно што е можно поскоро да се оперираш, бидејќи си млада, имаш брз метаболизам, а местото е веќе  ‘чепнато’.“

Зедов длабоко воздух и седнав на креветот. Во главата имав многу измешани мисли.

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-13.JPG

Имавте ли некакви симптоми претходно или лекарот се посомнева дека нешто не е во ред на редовен гинеколошки преглед?

Како жена која се остварила како мајка на 3 чеда во краток период, беше неверојатно да сум со таква дијагноза.

Редовни гинеколошки контроли, исхрана со запазување (умерено јадење), главно водев еден вид здрав живот.

Првиот симптом беше тоа што видливо ослабнав, мојата килажа се преполови, а имав апетит.

Често имав некакви подмолни болки во половината кои беа повремени, но се поднесуваа.

Чувствував како некаков „трул“ дел во пределот на срамната коска.

Првиот, и главен, симптом кој ме упати на вонреден гинеколошки преглед, беше крвавењето меѓу два циклуса.

Се јавив на доктор и само што ме прегледаа, ми кажаа дека морам да одам на биопсија.

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-12.JPG

Што направивте прво откако ви ја кажаа дијагнозата?

Се јавив кај мојата мајка знаејќи дека ќе ми е најголема поддршка во процесот што следи.

Таа е човек кој не потклекнува, полна со оптимизам без разлика на ситуацијата.

За да ѝ соопштам на неа ми беше многу тешко, бидејќи таа требаше да минува вторпат низ слична ситуација - првпат пред 17 години кога татко ми се оперираше од тумор на мозокот во Словенија, а имаше две операции.

По неа го известив сопругот. Пристигна дома со брзина на светлината со голем крст во раката. 

Покрај тоа што јас бев во таква состојба и знаев дека мора да се борам, дека имам за кого да се борам, најтешко ми беше кога ја гледав болката и стравот во нивните очи.

Кога тешка болест телото ќе ти го загризе, телото не боли, туку душата тежина што ќе ја изгризе.

Поддршка имав од целото семејство, другари, пријатели. Кога ќе речат дека во тешкото се дознава на кој му значиш во животот - јас сум ги имала многу.

monika-od-struga-go-pobedi-rakot-na-grlo-na-matkata-krvarenjeto-megju-dva-ciklusa-mi-beshe-signal-deka-neshto-ne-e-vo-red-11.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...

Најчитани неделава