Исфрлени од Олимписките игри поради местење

isfrleni-od-olimpiskite-igri-poradi-mestenje

Осум спортистки во бадминтон се исфрлени од Олимписките игри во Лондон, поради сомнежите дека намерно загубиле одредени мечеви.

Сомнежите се дека овие спортистки, меѓу кои се и актуелните светски првенки, тоа го сториле за во понатамошниот тек во игрите да добијат полесни противнички.

Светската бадминтон федерација, наведе дека спортистките од Кина, Јужна Кореја и Индонезија ќе и бидат предадени на дисциплинската комисија и дека тие ќе одговараат за кршењето на кодексот, кој предвидува, секој спортист да го даде својот максимум за да стигне до победата, како и тоа дека не смее да се однесува неспортски.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК), соопшти дека целиот случај ќе и го предаде на надлежната Федерација, која во Вембли Арена, во средата претпладне прелиминарно ги сослуша спортистките.

„Имаме целосна доверба во Федерацијата, знаеме дека таа ќе ги преземе потребните чекори. Тие имаат искуство да се соочат со вакви проблеми“, изјави портпаролот на МОК, Марко Адамс.

Вниманието на јавноста е насочено на овој случај, откако петилјадната публика во Вембли Арена, во вторникот со свирежи ги испрати спортистките кои посакувале намерно да загубат.

Неименуван кинески олимписки функционер за агенцијата Синхуа рекол дека инцидентот се третира многу сериозно и дека е наложено да се спроведе темелна истрага.

Публиката во Вембли Арена со свирежи ги испрати актуелните светски првенки во игра на двојки, Ју Јанг и Ванг Џиаоли. Свирежи добија и нивните противнички од Јужна Кореја Ју Кјунг и Ким Ха, бидејќи го посрамотија овој спорт.

Во последното коло во Групата А, во прелиминарната рунда, двете двојки, кои имаа изборено пласман во четвртфиналето, намерно се обидоа да го загубат мечот.

Веднаш потоа, по слично сценарио, но не толку очигледно, својот меч го одиграа Ха Јунг и Ким Минг од Јужна Кореја и Индонежанките Греија Поли Меилиана Јаухари.

01.08.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg