Оглас за автор на содржини за CRNOBELO.com (надворешен соработник)

oglas-za-nadvoresen-sorabotnik-avtor-na-zodrzini.jpg

Имаш желба и страст за пишување?

Ги следиш нашите содржини и би сакал да бидеш дел од нашиот тим?

Отворени сме за соработка со личност со вистински талент за пишување на квалитетни содржини (ова не подразбира преведување и препишување).

Бараме личност со креативен ум и способност да процени и предвиди интересни теми на кои ќе истражува и пишува, а со своето знаење и искуство ќе придонесе за поголема информираност и ќе овозможи квалитетна содржина на нашите читатели.

Доколку се сметаш за креативен, нè следиш редовно и ги читаш нашите содржини, сметаш дека можеш да придонесеш за развој на порталот од содржински аспект – ја очекуваме твојата апликација!

Потребни квалификации:

  • Беспрекорно познавање на македонски јазик, граматика и правопис
  • Талент и желба за пишување на квалитетни и креативни текстови / колумни на различни теми од секојдневието
  • Следење на светските трендови, информации и новости, со цел соодветно да се пренесат на читателите
  • Познавање на MS Office
  • Посветеност и одговорност кон обврските
  • Креативност и желба за личен развој.

Работни обврски како надворешен соработник:

  • Креирање квалитетни авторски содржини за CRNOBELO.com
  • Проверување и потврдување на точност на информации и факти
  • Комплетно средување на содржините до објавување на истите
  • Постојано следење на светските трендови на сродните онлајн медиуми.

Доколку сакаш да бидеш дел од тимот на CRNOBELO.com, испрати ни CV, кратко мотивациско писмо и еден текст кој сметаш дека би се читал на нашиот портал на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

*Текстот е само дел од апликацијата и нема да биде објавен на CRNOBELO.com.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg