Немања Гудељ често е отсутен од дома, па ја разгалува Анастасија Ражнатовиќ со скапи одмори - за Ибица платил 30.000 евра
- Детали
- недела, 20 јули 2025
„Две години брак. Бесконечност пред нас“, напиша Анастасија и покажа што добила од саканиот Гудељ за втората годишнина од брак, откако преходно уживаше во луксузен хотел и на јахта со него на oдмор на Ибица.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ беа на одмор на шпанскиот остров Ибица десетина дена, а според пишувањата во српските медиуми за одморот потрошиле околу 30.000 евра.
Немања Гудељ со својата фудбалска кариера одлично заработува, па не штеди кога станува збор за неговата сакана Анастасија.
Тој ја третира како вистинска принцеза, а романтичните и луксузни патувања им се традиција.

Иако нивната вила во Севиља е бајковита, тие често сакаат да побегнат од рутината и да сменат средина, па годинава како летна дестинација ја избраа Ибица.
„Сместени беа во најлуксузен хотел, уживаа во гурмански специјалитети и СПА.
За хотелот платиле околу 15.000 евра. Дополнително, изнајмиле јахта за уште 10.000 евра, каде што уживале во коктели и журки со познати диџеи.
На луксузни вечери и излегувања потрошиле најмалку уште 5.000 евра“, тврди извор близок до парот за српските медиуми.
Анастасија во име на љубовта со Немања се пресели во Севиља, иако градеше успешна музичка кариера во Белград.

Парот неодамна ја прослави втората годишнина од брак, а Анастасија објави романтична фотографија.
На фотографијата што ја сподели Анастасија, таа држи црвен балон во форма на срце со натпис „Те сакам“, а покрај неа има кутија со букет од црвени рози и бело плишано мече кое држи срце со зборот „Љубов“.
Во описот напиша: „Две години брак. Бесконечност пред нас“.
Со тоа покажа дека со Немања не ѝ поминува ниту еден важен датум без внимание и симпатични подароци.
