Посетувала балетско училиште, била верена со Стјепан Хаусер – детали од животот на извонредната Јелена Розга

Јелена Розга е хрватска поп-пејачка родена на 23.08.1977 година, во Сплит.

Posetuvala-baletsko-uchilishte-bila-verena-so-Stjepan-Hauser-pomalku-poznati-fakti-za-izvonrednata-Jelena-Rozga 01 630x330.jpg

Препознатлива по својот уникатен, дамски стил и по своите извонредни музички способности, оваа прекрасна русокоса со години е една од најистакнатите изведувачи на екс-Ју просторите.

Мајка ѝ Марија и таткото Анте нејзиниот талент за музика и танцување го забележале уште во раното детство, па затоа на седум-годишна возраст ја запишале во основно балетско училиште.

Розга своето образование го продолжила во Загреб, во средното балетско училиште, каде продолжила да ги негува своите музички афинитети и да настапува во Хрватскиот народен театар, учествувајќи и во мјузикли.

Како започнало нејзиното освојување на музичката сцена?!

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Во продолжение ви издвојуваме повеќе факти за животот и кариерата на маестралната Јелена Розга:

1. Нејзиниот музички талент прв го забележал и „зграбил“ генијалниот Тончи Хулиќ

Во 1996 година Јелена  учествувала на фестивалот „Дори“, изведувајќи ја песната насловена „Аха“, со која ја освоила втората награда.

Ова се смета за пресврт во нејзиното музичко „талкање“, бидејќи по нејзиното забележување, Тончи Хулиќ импресиониран, веднаш ѝ предложил да пее во групата „Магазин“.

Без размислување, Јелена ја прифатила понудата, затоа што пред сѐ била голем обожавател на оваа музичка група и всушност ја заменила брилијантната Данијела Мартиновиќ.

На почетокот имала мали потешкотии, со оглед на скромното познавање со работите поврзани со оваа професија, но за многу брзо се вклопила и стана заштитно лице на музичкиот бенд „Магазин“.

2. Во групата „Магазин“ како пејачка остана цели 10 години, од 1996 до 2006 година

На неполни 19 години, Розга станала водечки вокал на еден од најпознатите бендови на екс-Ју просторите.

Со многубројни хитови, повеќе албуми, голем број на концерти и турнеи, оваа пејачка силно чекореше кон стапките на успехот. Во 2006 година, Јелена го напушта составот на групата „Магазин“, но сѐ уште продолжува да соработува со Тончи Хулиќ.

Таа неколкупати изјави дека навистина мал број на луѓе верувале во оваа нејзина одлука, но знаела дека токму тогаш биле нејзините „5 минути“.

3. Блескава „соло“ кариера

Веднаш по започнувањето на нејзината самостојна кариера, Розга го издаде својот прв албум наречен „Опрости мала“.

Движењето на нејзиниот успех во нагорна линија, повторно го докажа добивањето на наградата Grand Pix на еден од најголемите хрватски фестивали, дури третпат по ред.

4. Песната „Бижутерија“ се смета за нејзина најголема успешна пресвртница

Една од пресвртните точки во кариерата на Јелена е секако мега хитот „Бижутерија“, со кој таа ја започна својата прва голема истоимена турнеја и стана првата жена што ја распродала арената Спаладиум во Сплит, на 11 февруари, 2011 година.

Истата година Розга го издаде својот втор самостоен албум „Бижутерија“, кој за само еден месец бил распродаден во повеќе од 15.000 примероци.

Истата година, таа е номинирана за наградата „Порин“, за која со истата песна победува во категоријата „Хит на годината“.

5. Прекрасната русокоса продолжува да ги нижи своите хитови

Нејзини следни хитови се „Соло играчица“, „Добитна комбинација“, песната „Нирвана“ која за рекордно време стана голем хит во целиот регион, за на крајот на 2013 година ја издаде прекрасната, добропрочуена балада „Циркус“.

На крајот на 2014 година нејзиниот хит „Цунами“ во првите 24 часа бил прегледан 400.000 пати, а денес оваа песна брои 46 милиони прегледи.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патува... Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg