Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патуваат заедно (фото)

Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се пофали дека имале состанок во ресторан, се пожали дека добила сончаница и мора да седи во соба. „Напорни сте“ - им одговори таа на сите оние што коментираат дека со Бака Прасе не патуваат никаде заедно и дека пак раскинале.

devojkata-na-baka-prase-neodoliva-na-zaednichkiot-odmor-vo-budva-po-kritikite-deka-nikogash-ne-patuvaat-zaedno-foto-01.jpg

Девојката на најпознатиот српски јутјубер Бака Прасе, Ања Благојевиќ, на својот Инстаграм профил постојано објавува фотографии од патувањата на кои најчесто оди сама, а сега покажа дека со нејзиниот дечко заедно биле на луксузна вечера во Будва, Црна Гора.

Фотографиите се одговор на оние што претходно коментираа дека најверојатно парот повторно раскинал, затоа што убавата инфлуенсерка во последно време постојано се фотографира сама.

Претходно Ања објави фотки на кои позира како сирена и по примерот на светските ѕвезди кои ги зафати „Барби треската“, се фотографираше во ролшуи и смело бикини.

Инаку, претходно Ања беше сама во Италија, каде го посети езерото Комо, а дел од нејзините следбеници коментираа дека таа секаде оди сама, на што таа одлучи да им одговори со објава на Инстаграм Стори.

„Леле колку сте напорни. Јас патувам како турист, сакам да разгледувам и да шетам низ разни градови, а тој не сака да пешачи повеќе од 2 и пол минути.

Јас во Италија за 4 дена поминав над 30 километри пешки, а тој би пукнал тоа да го направи. Тој патува работно, а јас немам што да правам таму, да одам по состаноци и да седам по пет часа во ресторани и да се додевам и слично...

Не знам зошто толку се оптоварувате затоа што ние не патуваме заедно, тоа што вие немате доверба во вашите девојки да ги пуштите сами да патуваат, ние го немаме тој проблем“ – рече таа.

devojkata-na-baka-prase-neodoliva-na-zaednichkiot-odmor-vo-budva-po-kritikite-deka-nikogash-ne-patuvaat-zaedno-foto-02_copy.jpg

Таа потоа откри дека заедно ќе одат на одмор во Будва. А, по првите фотографии што ги објави од одморот, Ања се пожали дека добила сончаница, па сега останале во хотелската соба и саканиот се грижи за неа.

devojkata-na-baka-prase-neodoliva-na-zaednichkiot-odmor-vo-budva-po-kritikite-deka-nikogash-ne-patuvaat-zaedno-foto-03.jpg

Прочитајте и Потекнува од богато семејство, наплаќа по 3.500 евра за реклама - Што знаеме за Ања Бла, девојката на Бака Прасе?

Погледнете повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ања Бла ужива во Истанбул, откако му го запалија џипот на Бака Прасе, а новата девојка го фали јавно И додека Ања Бла, по 26-тиот роденден, замина во Истанбул со другарка, Бака Прас...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...

Најчитани неделава