Двајцата глумеа во филмот „Тома“ и се еден од најубавите српски парови - факти за Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина

Филмската Силвана Арменулиќ и докторот на фамозниот Тома Здравковиќ во филмот „Тома“ се всушност брачен пар во реалноста. Важат за еден од најубавите српски парови, имаат 2 деца и се вљубени, скромни, природни...

dvajcata-glumea-vo-filmot-toma-i-se-eden-od-najubavite-srpski-parovi-fakti-za-tamara-dragichevikj-i-petar-benchina-01.jpg

Тамара Драгичевиќ (32), родена во Белград, е една од најубавите српски актерки која на совршен начин ни го доближи ликот и делото на легендарната пејачка Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“.

Таа од 2016 година е во брак со актерот Петар Бенчина (36), кој во филмот „Тома“ го глумеше ликот на докторот на фамозниот Тома Здравковиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Petar Bencina (@petarbencina)

Двајцата не откриваат многу детали од приватноста, а јавноста не ни знае кога точно почнале да се состануваат. Тие се скромни и природни и деталите ги чуваат за себе. Само во 2011 година осамна информацијата дека Тамара е во врска со 5 години постариот колега и многу машки срца беа скршени.

Со Петар важат за еден од омилените српски парови, а по филмот „Тома“ се во фокусот на медиумите.

Велат дека двајцата имаат густ распоред и затоа недела по правило им е резервиран за семејството.

Имаат 2 деца и тоа 5-годишната Сташа и 2-годишниот Лазар.

„И  Петар и јас потекнуваме од семејства кои не се фокусирале никогаш на гламур и лажен сјај. Среќна сум што ја работиме работата што ја сакаме, а популарноста е последица на улогите што им се допаднале на гледачите. Не знам зошто поради тоа би се однесувале поинаку“, изјави Тамара во една пригода.

Инаку, во 2013 година Тамара има учествувано во шоуто „Твоето лице звучи познато“, а има еден брат кој исто така е актер. Нејзиниот брат Миодраг Драгичевиќ неодамна стапи во брак.

Фотки од прекрасниот пар:

https://www.instagram.com/p/CVGLpVCoDzS/

https://www.instagram.com/p/CVGHR-AsMWo/

Повеќе фотки од парот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Драган Николиќ и Милена Дравиќ, Силвана и Радмило Арменулиќ - Најубавите љубовни приказни меѓу позна... Се запознале и веднаш се заљубиле, стапиле во брак додека биле на снимање, а љуб...
„Те сакам до аголот на вселената“: Синот на Тијана Дапчевиќ наполни 15 години (фото) „Сине, среќен 15-ти роденден. Мама и тато те сакаат до аголот на вселената“, пиш...
Љубовната приказна на Тамара од „Работна акција“: Се венчале на одмор, долго време чекаа да добијат ... Со сопругот не можеле да се договорат колку гости да поканат на свадба, па напра...
Првата девојка го изневери со колега, игра со Рајан Рејнолдс во Deadpoоl – Што знаеме за Стефан Капи... Поминувал време со волци за да може подобро да ја долови улогата на Могли, има у...
Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете...
Софија Мило се трансформира во Барби и ја најави свадбата со партнерот по секс-скандалот со Немања Г... По секс-скандалите со Немања Гудељ и Душко Тошиќ, српската манекенка Софија Мило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg