Двајцата глумеа во филмот „Тома“ и се еден од најубавите српски парови - факти за Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина

Филмската Силвана Арменулиќ и докторот на фамозниот Тома Здравковиќ во филмот „Тома“ се всушност брачен пар во реалноста. Важат за еден од најубавите српски парови, имаат 2 деца и се вљубени, скромни, природни...

dvajcata-glumea-vo-filmot-toma-i-se-eden-od-najubavite-srpski-parovi-fakti-za-tamara-dragichevikj-i-petar-benchina-01.jpg

Тамара Драгичевиќ (32), родена во Белград, е една од најубавите српски актерки која на совршен начин ни го доближи ликот и делото на легендарната пејачка Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“.

Таа од 2016 година е во брак со актерот Петар Бенчина (36), кој во филмот „Тома“ го глумеше ликот на докторот на фамозниот Тома Здравковиќ.

Двајцата не откриваат многу детали од приватноста, а јавноста не ни знае кога точно почнале да се состануваат. Тие се скромни и природни и деталите ги чуваат за себе. Само во 2011 година осамна информацијата дека Тамара е во врска со 5 години постариот колега и многу машки срца беа скршени.

Со Петар важат за еден од омилените српски парови, а по филмот „Тома“ се во фокусот на медиумите.

Велат дека двајцата имаат густ распоред и затоа недела по правило им е резервиран за семејството.

Имаат 2 деца и тоа 5-годишната Сташа и 2-годишниот Лазар.

„И  Петар и јас потекнуваме од семејства кои не се фокусирале никогаш на гламур и лажен сјај. Среќна сум што ја работиме работата што ја сакаме, а популарноста е последица на улогите што им се допаднале на гледачите. Не знам зошто поради тоа би се однесувале поинаку“, изјави Тамара во една пригода.

Инаку, во 2013 година Тамара има учествувано во шоуто „Твоето лице звучи познато“, а има еден брат кој исто така е актер. Нејзиниот брат Миодраг Драгичевиќ неодамна стапи во брак.

Фотки од прекрасниот пар:

Повеќе фотки од парот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
Немања Стевановиќ од „Ѕвездите на Гранд“ - ѝ прави фризури на ќерката, има сопруга убавица (фото) Во 2007 година во музичкото шоу вниманиете го привлекуваше со убавината, како и ...
Раста, за убавицата со која е 5 години во љубов, по Ана Николиќ: „Долго време ми требаше за да ја на... „Никогаш не ги генерализирав сите жени, иако имав развод и секогаш оставав прост...
Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Соња Вуксановиќ, 6 години по разводот со Аца Лукас, е фатална убавица на Малдиви - се фали со раскош... Позира во разголено издание, постојано патува и очигледно ужива во животот, по р...

Најчитани неделава