Соња Вуксановиќ, 6 години по разводот со Аца Лукас, е фатална убавица на Малдиви - се фали со раскошот на Инстаграм
- Детали
- вторник, 23 декември 2025
Позира во разголено издание, постојано патува и очигледно ужива во животот, по разводот со Аца Лукас во 2019 година. Соња Вуксановиќ сака да се фали со раскошниот стил на живот на Инстаграм.

Соња Вуксановиќ и Аца Лукас се разведоа во 2019-та година, иако гласините за нивната разделба кружеа уште од 2017 година.
Сега, Соња изгледа подобро од кога било, а зимава по релаксацијата на Копаоник, се одлучи за уживање на Малдиви.

Таа не открива со кого е на оваа рајска дестинација, но од себе објави низа фотки на својот Инстаграм профил.

Инаку, Соња од бракот со Лукас ја има ќерката Викторија, но пред тоа таа беше во 10-годишен брак со уште еден познат српски пејач – Жељко Шашиќ. Од бракот со Жељко, таа ја има ќерката Софија.
Прочитајте и Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната Соња Вуксановиќ?
Соња на Малдиви:







