Лепенки на брадавиците од градите, перики: Сенидах е балканската Лејди Гага? (фото)

Таа е срамежлива и го крие приватниот живот, но е смела и самоуверена кога станува збор за диктирање на модни трендови. Сенидах е регионална ѕвезда со светски изглед!

lepenki-na-bradavicite-od-gradite-periki-senidah-e-balkanskata-lejdi-gaga-foto-01.jpg

Сенида Хајдарпашиќ (36) позната како Сенидах е музичарка од Словенија која стекна огромна популарност во регионот. Таа живее на релација нејзината родна Љубљана и Белград.

Има соработки со регионалните музичари Цоби, Џала Брат и Буба Корели и низа хитови од кои најголема популарност постигна со „Мишичи“.

Отсекогаш сакала да се занимава со музика, но била срамежлива сѐ додека сестра ѝ не ја убедила да се појави на едно музичко натпреварување и да го покаже талентот.

Победила и потпишала договор со една продуцентска куќа во Словенија. Потоа била дел и од бендот MUFF, по што почна да гради соло кариера.

Таа не открива многу детали од секојдневието и ретко дава интервјуа. Вели дека музиката ѝ е најголема љубов, а најголемата популарност ја постигна во 2018 година.

Сенидах привлекува внимание со своите смели модни комбинации. Таа веќе извесен период диктира трендови во регионот и ги воодушевува сите што не става акцент на сексапилот како балканските ѕвезди, туку на модните трендови како светските.

Прави и смели потези од типот на појавување со лепенки на брадавиците како Лејди Гага или со различни бои на коса, па дури и перики.

lepenki-na-bradavicite-od-gradite-periki-senidah-e-balkanskata-lejdi-gaga-foto-02.jpgЛејди Гага

Стилот на впечатливата Сенидах:

https://www.instagram.com/p/CVvAZSPouzL/

https://www.instagram.com/p/CVN5Zz9IV8M/

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ „Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – нап...
Пар од Нови Сад води живот од соништата - патуваат низ светот и по 6 месеци годишно (фото) Ивана и Горан Бабиќ од Нови Сад се запознале во 2011 година, се вљубиле и веќе г...
Сезоната на бањање во Грција е отворена - Македонци и Срби го преполнија Солун (фото+видео) Внуката на Дац, Гаиа, заедно со родителите Јаков и Софија, уживаше во игрите на ...
Која е најопасната ајкула во грчките мориња + Мапа на места каде се тврди дека имало напади врз луѓе... Во повеќе од 2.500 години само 17 пати бил пријавен напад од ајкула во грчките м...
Бившиот на Цеца си фати нова девојка - атрактивна, помлада мисица (фото) По разделбата со Цеца, Богдан Срејовиќ е повторно вљубен. И покрај љубовните врс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg