„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ

„Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – напиша Северина до видеото на кое позира со мајка ѝ за насловна страница. „Ќерко, многу ти е тешка работата“ – на крај ѝ вели мајката на пејачката.

bila-5-meseci-vo-koma-otkako-me-rodila-severina-spodeli-video-od-fotosesija-so-majka-i-01.jpg

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ позира со мајка ѝ Ана за насловната страница на едно списание, а синот Александар трча околу фотографите и камерите, и во кадарот може да се види само накратко.

До видеото, Северина сподели краток опис во кој повторно нагласи дека нејзината мајка го жртвувала сопствениот живот за да ја роди. Во описот таа го користи прекарот, што вообичаено го користи за нејзината мајка: „Тито“.

„Тито и јас. Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“.

bila-5-meseci-vo-koma-otkako-me-rodila-severina-spodeli-video-od-fotosesija-so-majka-i-02.jpg

Во видеото може да се види како Северина и мајка ѝ позираат во домот на пејачката, а Северина ја охрабрува дека е многу убава и вели дека првпат се сликаат за некоја насловна страница, па ѝ покажува и како да ја стави ногата и каде да гледа.

Во еден миг и малиот Александар истрча околу камерите, па Северина возбудено вели:

„А, еве ни ја и нашата љубов“.

bila-5-meseci-vo-koma-otkako-me-rodila-severina-spodeli-video-od-fotosesija-so-majka-i-03.jpg

На крај, мајка ѝ на Северина вели:

„Епа, ќерко, мора да ти признаам многу ти е тешко кога се сликаш“.

bila-5-meseci-vo-koma-otkako-me-rodila-severina-spodeli-video-od-fotosesija-so-majka-i-04.jpg

Инаку, ова не е првпат Северина да каже дека мајка ѝ пет месеци била во кома по породувањето со неа.

Во 2019-та година, пејачката сподели уште една фотка со мајка ѝ од детството до која напиша:

„Таа била пет месеци во кома по породувањето со мене, но преживеала и веднаш ме научи дека е подготвена и да умре за мене, како што сум јас подготвена за мојот син, но дека ќе биде посреќна, многу посреќна да живее за нас... Ти благодарам мајко, за сѐ“.

Погледнете го видеото со Северина и мајка ѝ:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...

Најчитани неделава