Анастасија Ражнатовиќ, по 5 години врска и стан од 750.00 евра, се раздели со партнерот: „Му посакувам сè најдобро“

„Медиумите очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но ние едноставно разговаравме смирено и дојдовме до заклучок да се разделиме...“, вели Анастасија Ражнатовиќ која додава дека децата бараат одрекување и одговорност и ќе го остави тоа за подоцна во животот.

anastasija-razhnatovikj-po-5-godini-vrska-i-stan-od-750-00-evra-se-razdeli-so-partnerot-mu-posakuvam-se-najdobro-01.jpgфото: Инстаграм Анастасија Ражнатовиќ

Aнастасија Ражнатовиќ (23) гостуваше во емисијата Амиџи шоу, каде за првпат проговори за разделбата со бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ, со кого 5 години беше во врска, а извесен период дури и живееја заедно во луксузен стан-дуплекс во Белград, според пишувањата во српските медиуми со вредност од 750.000 евра.

По разделбата, Анастасија се врати во домот кај нејзината мајка Цеца.

На тема нивната разделба таа за првпат проговори во Амиџи шоу:

„Никој не знае што носи денот и ноќта. Медиумите очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но ние едноставно разговаравме смирено и дојдовме до заклучок да се разделиме.

Му посакувам сè најдобро во животот. И сметам дека и мене и него нè чека некоја голема среќа. Останавме во добри односи.“

View this post on Instagram

A post shared by HELLO! Magazin (@hellomagazinsrbija)

Таа проговори и за својот внук, односно синчето на нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ (25).

„Како тетка се снаоѓам фино, но можам да кажам дека уште не сум подготвена за деца. Јас го сакам најмногу на светот мојот внук и сакам да минувам време со него, но не сум подготвена за улогата за мајка.

Многу одрекување е тоа, многу одговорност... Мислам дека ќе го оставам тоа за подоцна.“

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На 86 години, Гркинката Анастасија едреше на даска од Кефалонија до Закинтос (фото) Анастасија од Грција има 86 години, но возраста не ја спречува да се посвети на ...
Анастасија и Немања Гудељ со емотивни пораки одбележаа 2 години врска: „Ти благодарам што ме сакаш“ Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија и нејзиниот сопруг прославија 2 години вр...
Анастасија Ражнатовиќ со досега необјавени фотки му го честита роденденот на сопругот: „Те сака твој... „Те сака твојата жена засекогаш и најмногу“ – му порача Анастасија Ражнатовиќ на...
„Бог да ни ја чува љубовта“ – Анастасија и Немања Гудељ прославија 1 година брак „Нека Бог ни ги заштити нашата љубов и бракот до крајот на нашите животи“ – пора...
Анастасија Ражнатовиќ на одмор во Дубаи - Во друштво на поранешната свршеница на брат ѝ Ана Рајковиќ, пред да стапи во брак со Предраг Рајковиќ, му беше свршеница на Ве...
Како Немања Гудељ ѝ ја честиташе годишнината од врска на Анастасија Ражнатовиќ + До каде се подготов... Се очекува Анастасија и Немања Гудељ во декември годинава да направат голема сва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg