Анастасија Ражнатовиќ, по 5 години врска и стан од 750.00 евра, се раздели со партнерот: „Му посакувам сè најдобро“

„Медиумите очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но ние едноставно разговаравме смирено и дојдовме до заклучок да се разделиме...“, вели Анастасија Ражнатовиќ која додава дека децата бараат одрекување и одговорност и ќе го остави тоа за подоцна во животот.

anastasija-razhnatovikj-po-5-godini-vrska-i-stan-od-750-00-evra-se-razdeli-so-partnerot-mu-posakuvam-se-najdobro-01.jpgфото: Инстаграм Анастасија Ражнатовиќ

Aнастасија Ражнатовиќ (23) гостуваше во емисијата Амиџи шоу, каде за првпат проговори за разделбата со бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ, со кого 5 години беше во врска, а извесен период дури и живееја заедно во луксузен стан-дуплекс во Белград, според пишувањата во српските медиуми со вредност од 750.000 евра.

По разделбата, Анастасија се врати во домот кај нејзината мајка Цеца.

На тема нивната разделба таа за првпат проговори во Амиџи шоу:

„Никој не знае што носи денот и ноќта. Медиумите очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но ние едноставно разговаравме смирено и дојдовме до заклучок да се разделиме.

Му посакувам сè најдобро во животот. И сметам дека и мене и него нè чека некоја голема среќа. Останавме во добри односи.“

Таа проговори и за својот внук, односно синчето на нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ (25).

„Како тетка се снаоѓам фино, но можам да кажам дека уште не сум подготвена за деца. Јас го сакам најмногу на светот мојот внук и сакам да минувам време со него, но не сум подготвена за улогата за мајка.

Многу одрекување е тоа, многу одговорност... Мислам дека ќе го оставам тоа за подоцна.“

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по нек... „Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Анастасија Ражнатовиќ и сопругот како од модно списание, а таа го возвишува: „Ти си сè што една жена... „Те молам прости ми, не можам да престанам да те сакам... Ти си сè она што една ...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ѕирнете во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ во Севиља – луксузно опремена вила од 6 милиони ев... „Целата вила е во стакло, што посебно им се допадна. Пространа е, а од дневната ...
Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...

Најчитани неделава