Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по неколку деца“

„Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да имам квалитетен и стабилен партнер, со кој би го одгледувале тоа дете во љубов“, изјави Милена Чераниќ и повторно ги подели мислењата.

srpskata-pejachka-milena-cheranikj-imam-videno-mnogu-povekje-srekjni-parovi-bez-deca-otkolku-so-po-nekolku-deca-01.jpg

Пејачката Милена Чераниќ често отворено и директно зборува за своите ставови кон мајчинството и партнерските односи, јасно порачувајќи дека не прифаќа општествени притисоци и наметнати рокови кога станува збор за раѓање деца.

Таа поради тоа често е мета на поделени мислења.

Милена им се обрати на сите парови кои не можат да имаат деца и им порача:

„Би сакала да не ме сфатат погрешно, но на луѓето кои не можат да имаат деца сакам да им кажам една работа.

Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, затоа што вистински се посветиле еден на друг, отколку оние кои имаат по три, четири или пет деца.

Мажот ја изневерува жената, жената го изневерува мажот, сите се изневеруваат меѓусебно и живеат наводно во некоја идеална семејна слика.

Луѓе, не е семејство сè што се нарекува семејство, ниту сè што изгледа како семејство – не е навистина тоа.

Мене кога ќе ми кажат „Што ти е гајле, роди си едно дете“, па ми доаѓа да ги убијам!

Немам ништо против некој што го сака тоа, односно сака да роди дете.

Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да имам квалитетен и стабилен партнер, со кој би го одгледувале тоа дете во љубов, дури и ако некогаш не бидеме заедно“.

Kликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg