Дали знаете што значи Green Dot?

Купувањето на основните животни намирници - храна или пијалоци,  претставува дел од нашето секојдневие и нешто во кое навистина уживаме. Притоа, амбалажата е она што најпрво го забележуваме на некој производ.Нејзиното визуелно решение, естетиката, колоритот, етикетата, сето тоа не привлекува да го земеме производот во раце и да се информираме за состојките, потеклото на производот или рокот на употреба. Но, малкумина од нас размислуваат за тоа што ќе  се случи со амбалажата откако ќе го искористиме производот и  ретко кој ги забележува знаците на амбалажата кои даваат информации за тоа дали пакувањето ќе се селектира и рециклира по употребата. Дали сте го забележале знакот кој потсетува на јинг јанг симболот и на рециклирачкиот симбол на Гери Андерсон - Green Dot знакот ?

dali-znaete-sto-znaci-green-dot-01

Green Dоt е една од најпопуларните ознаки кои информираат за тоа што ќе се случи со амбалажата. Таа претставува ознака (заштитен знак - лого) која се става на амбалажата на производот, а која на потрошувачот му дава до знаење дека откако производот ќе биде потрошен, а амбалажата ќе се фрли, постои некој кој ќе се погрижи за тоа амбалажата да ја собере и да ја реупотреби.

Green dot, како систем за собирање и селектирање на амбалажниот отпад, за прв пат се појавува во осумдесеттите години во Германија, а набрзо  станува популарен и започнува да се проширува во поголемиот дел на Европа, по што германската компанија DSD одлучува соственоста и координацијата за логото за употреба надвор од Германија, да и ја препушти на интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад -  PRO-Europe од Брисел.

Оттогаш интернационалната PRO-Europe  има овластувања  за употреба на логото Green dot - заштитена трговска марка, кој означува дека за пакувањето што го има тој знак е платен надомест за постапување со отпадот по употребата. За секоја територија  една национална компанија, која е членка на оваа организација, и е носител на ексклузивна лиценца над овој знак, со што е овластена да состави систем за употреба на знакот на територијата на својата земја, како и да подготвува договори со поединечни компании- кориснички.

Таква компанија во Македонија е Пакомак, која е прва компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи. Основачи на компанијата се 11 водечки производствени компании во Македонија, а од 2011 година Пакомак е 34-тата национална непрофитна компанија што се приклучува кон ProEurope.

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава