Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено

Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведената операција, а Македонија се радува со нив. Браво хумани граѓани!

makedonija-pokazha-humanost-na-delo-srcenceto-na-bebeto-anika-e-uspeshno-popraveno-01.jpg

По апелот дека итно е потребна помош од граѓаните на Македонија за да се спаси срцето на 5-месечното бебе Аника од Скопје, кое уште од самото раѓање се соочува со здравствени проблеми како резултат на вентрикуларен септален дефект, хуманите луѓе ја покажаа својата добрина на дело.

Секоја донација беше чекор плус до спасување на животот на малата Аника.

Донирањето се изведуваше преку Ecrowd.mk, донациски сервис и единствената краудфандинг платформа во Македонија, која е веродостоен, безбеден, транспарантен, едноставен и лесен начин за организирање кампањи за донации.

Од Ecrowd.mk ја споделија среќната вест:

„Драги наши голем поздрав од Аника, нејзиното срценце е успешно поправено!

Радувајте се и бидете среќни и горди сите Вие кои помогнавте.

Само што добивме инфо од мајката на Аника, малото ангелче добро закрепнува по успешно изведената операција.

Сликата е објавена со дозвола на мајката!“

Инаку, вентрикуларниот септален дефект е вродена срцева мана каде доаѓа до мешање на крвта во коморите на срцето и симптомите, за жал, најчесто се појавуваат во почетните месеци од животот, што беше и случај кај малата Аника.

Бледилото, бавниот раст, лесното заморување, забрзаното дишење се само еден мал дел од симптомите со кои се соочуваше Аника, а за среќа се решливи со оперативен беше изведен за стабилизирање на состојбата на Аника и нов нормален живот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...

Најчитани неделава