Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна круната од глава, нема ни вам“

„Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додека го чистев ѓубрето од лифтот што некој сметал дека му е тука местото, верувам дека нема да ви падне и вам нареден пат (за жал знам дека ќе има нареден пат)“ - е дел од пораката што поранешната Мис на Македонија ја остави за соседите.

emilija-rozman-im-napisha-poraka-na-sosedite-otkako-go-ischisti-liftot-od-smet-ako-mene-ne-mi-padna-krunata-od-glava-nema-ni-vam-01.jpg

Емилија Розман, манекенката и поранешна Мис на Македонија, многу често знае јавно да го каже своето мислење, дури и после тоа да биде цел на негативни коментари.

Па, револтирана од ситуација кога во лифтот во зградата каде што живее нашла фрлен смет и го исчистила, Емилија решила во лифтот да залепи ливче со порака до останатите станари, а потоа и јавно ја сподели на Инстаграм.

emilija-rozman-im-napisha-poraka-na-sosedite-otkako-go-ischisti-liftot-od-smet-ako-mene-ne-mi-padna-krunata-od-glava-nema-ni-vam-02.jpg

„Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додека го чистев ѓубрето од лифтот што некој сметал дека му е тука местото, верувам дека нема да ви падне и вам нареден пат (за жал знам дека ќе има нареден пат).

Бидете промената која сакате да ја видите“ - стои во рачно напишаната порака од Емилија.

Сметајќи дека поентата што сака да ја каже и сподели не се однесува само на нејзините соседи, туку на сите во општеството, таа ја објави и на Инстаграм Стори, со свое размислување на темата поврзана со чистотата.

Вели, секој мора да тргне од себе, наместо да не се „замара“ затоа што знае дека ни другите не се грижат за ништо.

emilija-rozman-im-napisha-poraka-na-sosedite-otkako-go-ischisti-liftot-od-smet-ako-mene-ne-mi-padna-krunata-od-glava-nema-ni-vam-04.jpg

Нејзината порака гласи:

„Во принцип сум најпозитивна личност и стојам зад тоа дека треба да молчиме доколку немаме ништо убаво да кажеме, ама тоа молчење нè доведе до тоа каде што сме сега.

Ако не можеме да го собереме сето ѓубре од улиците, добар почеток е да тргнеме од својот „двор“.

Доколку јас можев и можам на тие повреди да работам по две смени, да имам време за себе, да постирам глупости на Инста, да шетам кутре во една рака, а во другата да м’кнам ѓубре за рециклирање до кола, за да заврши во контејнери наменети за тоа, епа можеме сите да го собереме и своето и ѓубрето кои другите кои немаат доволно совест, го оставаат зад себе.

Замижувањето пред проблемот ве прави соучесник во истиот.

И сè додека „Не е мој проблем и што ако јас исчистам кога пак ќе фрлат“, а богами и коментарите од типот „Оди научи правопис прво, па потоа соли памет“, се дел од вас и вашиот „мајндсет“, ќе се гушиме сите колективно и ќе ни бидат сите криви, затоа што, нели, кои сме ние да промениме нешто...“.

emilija-rozman-im-napisha-poraka-na-sosedite-otkako-go-ischisti-liftot-od-smet-ako-mene-ne-mi-padna-krunata-od-glava-nema-ni-vam-05_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава