Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви се појави алергија на геловите“
- Детали
- петок, 04 јули 2025
„Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами да си ги прават ноктите дома, сè со цел да заштедат време и пари. Резултатите може да бидат застрашувачки, а јас посведочив на една таква ситуација“, вели Деспина Гоцева, техничар за нокти од Скопје.

Деспина Гоцева, техничар за нокти и сопственик на салон во Скопје, речиси 5 години се занимава со оваа професија.
Вели дека редовно секоја година посетува обуки надвор од нашата држава, сè со цел да биде во тек со сите трендови и новитети во индустријата за нокти.

„На обуките и семинарите учев од докажани мајстори кои ме научија доста позитивни, но и негативни работи за оваа професија“, вели таа и искрено зборува за најголемите грешки кои ги прават девојките во поглед на ноктите.

Таа јавно сподели со каков проблем се соочила една девојка, поради несоосветна изработка на нокти и предупреди за можната појава на алергии од геловите за нокти.
За CRNOBELO.com Деспина вели:
„Сигурно ќе се прашате што може да има опасно во ноктите…
Најопасно во индустријата за нокти е што има сè повеќе нови брендови и сè повеќе неквалитет и конкуренција.

Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами да си ги прават ноктите дома, сè со цел да заштедат време и пари.
Со таа цел и ги започнав обуките, за целото знаење да го пренесам да не доаѓа до пренесување на болести и вируси и создавање на алергии.

Алергиите на гелови за нокти земаат сè поголем замав од неквалитетно работење.
Не може да се добие алергија веднаш, но со константно неправилно користење доаѓа до контактен алергиски дерматитис – вид на трајна преосетливост, која телото ја развива по контакт со одредена супстанција.
Кога еднаш ќе се појави алергијата, таа останува доживотно, но симптомите може да се држат под контрола.

