Јулија ја наслика прерано починатата ќерка со ангелски лик: „Ми кажа ‘жива сум’, ја видов во божествената светлина“

„Ова дело со бескрајна љубов изработено за мојот жив ангел небесен, како што ја видов во бескрајната Божествена светлина, кога првпат блесна пред мене, во сиот раскошен златно-жолт сјај и ми кажа ‘Јас сум жива... мама... жива сум'. Насмеана, блескава, со коса полуврзана, со бели цветчиња, во вид на венче и ореол кој светеше околу нејзината глава“ - напиша со многу емоции Јулија, и ја откри инспирацијата за новата слика.

julija-ja-naslika-prerano-pochinatata-kjerka-so-angelski-lik-mi-kazha-zhiva-sum-ja-vidov-vo-bozhestvenata-svetlina-01.jpg

Пејачката и водителка Јулија Мациевска, пред неколку години го загуби своето единствено чедо, ќерката Андријана (41), која ја изгуби борбата со ракот.

Иако не може да се помири со загубата, Јулија ѝ е огромна поддршка на својата внука Стефанија, а и таа самата се труди да го одржи жив споменот за Андријана, која беше уметница.

Сега, во нејзина чест, Јулија нацрта портрет, на кој Андријана е прикажана како ангел со крилја, насмеана и среќна.

Фотографии од портретот Јулија сподели на својот Фејсбук и најави дека тој ќе биде официјално откриен на денот на раѓањето на нејзината ќерка.

julija-ja-naslika-prerano-pochinatata-kjerka-so-angelski-lik-mi-kazha-zhiva-sum-ja-vidov-vo-bozhestvenata-svetlina-04.jpg

Во емотивната порака на Фејсбук, Јулија напиша:

„Ангелот Ан. Моето најново ликовно дело АН-гелот, на кое работев последниве неколку месеци, конечно е завршено.

Ова дело е посветено и со бескрајна љубов изработено за мојот жив ангел небесен АН, онака како што јас ја видов во бескрајната Божествена светлина, кога првпат блесна пред мене, во сиот раскошен златно жолт сјај и ми кажа ‘Јас сум жива... мама... жива сум“.

Насмеана, блескава, со коса како што најчесто ја носеше, полуврзана, но сега со бели цветчиња, во вид на венче и ореол кој светеше околу нејзината глава во златно золта светлина. Раскрилена и здрава и бескрајно среќна и лесна.

julija-ja-naslika-prerano-pochinatata-kjerka-so-angelski-lik-mi-kazha-zhiva-sum-ja-vidov-vo-bozhestvenata-svetlina-02.jpg

Делото е во акрилна техника, на платно, со димензија 140×100.

Делото воедно ќе биде и насловна корица на најновата книга, трета по ред за Ангелот АН, македонската голема ликовна уметница Андријана Мациев.

За разлика од претходните 2 книги, оваа е автобиографска книга на Андријана, која таа лично ја пишуваше, но бидејќи не успеа да ја заврши, морав јас да ја дозавршам.

Три години ми требаа за да го ставам во компјутер она што Андријана го напиша со своја рака во најтешките моменти од својот живот.

Колку е тоа тежок и макотрпен процес за мајка која го испратила своето единствено дете во вечноста, нема зборови кои може да го опишат.

Но, сепак сега се радувам што желбата на мојот Ангел е исполнета и што конечно вистината која Ан сакаше да ја пренесе, за тоа како се добива канцер и како да се надмине таа состојба, конечно ќе види виделина и ќе допре до сите на кои им е потребна.

julija-ja-naslika-prerano-pochinatata-kjerka-so-angelski-lik-mi-kazha-zhiva-sum-ja-vidov-vo-bozhestvenata-svetlina-03.jpg

Зошто Ан замина???

Кога ќе ја прочитате книгата, ќе дознаете една шокантна вистина, која нема да ве остави рамнодушни, ќе ве разбуди, ќе изнуди прашалници, но и одговори, за реалноста и вистината во која живееме, а не сме ни свесни.

Книгата носи наслов, „Јас сум жива“, а својата промоција, заедно со ова ликовно дело, ќе доживее за роденденот на Андријана, на 16 септември“, пишува Јулија.

Погледнете ја нејзината објава:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg