Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви се појави алергија на геловите“
Но, од што настанува алергијата?
Геловите за нокти (особено оние со HEMA, Di-HEMA и слични) содржат мономери, односно мали хемиски молекули, кои се стврднуваат под УВ/LED светло.
Ако гелот не се стврдне целосно (поради лоша ламба, кратко време на печење или предебел слој), остануваат активни мономери на површината и тие продираат во кожата, додека имунолошкиот систем го „препознава“ тој мономер како непријател.

Кои се причините?
- Користење на нискоквалитетни или кинески производи со висок процент на HEMA.
- Работа без ракавици, чест контакт со кожата и слично.
Доколку сакате да се заштитите или да користите повторно гелови потребно е:
Да се користат безбедни формули (HEMA-free).
Да се внимава гелот да не допира кожа.
Да се работи професионално и хигиенски“.
Прочитајте и Деспина, техничар за маникир од Скопје: „Од такт ме вади непојавувањето на термин на клиентките, треба да се воведе капар“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
