Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Чадиковски

„По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа состојба, со телесна тежина од 2.100 грама. Ваквите приказни нè потсетуваат зошто медицината не е само професија, туку и мисија“, вели детскиот кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски.

bebe-rodeno-vo-skopje-so-1-100g-i-srceva-mana-po-50-dena-si-odi-doma-so-2-100g-go-operiral-d-r-chadikovski-01.jpg

Детскиот кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски, кој години наназад е вистински херој за многу родители, оперирајќи срца на преку 1.500 бебиња и мали деца и грижејќи се за секое од нив, преку објава на Инстаграм покажа колку се гордее со својата работа и сподели приказна со среќен крај за уште едно новороденче кое било во критична состојба.

bebe-rodeno-vo-skopje-so-1-100g-i-srceva-mana-po-50-dena-si-odi-doma-so-2-100g-go-operiral-d-r-chadikovski-02.jpg

Неговата објава гласи: 

„Бебето е родено во 29. гестациска недела, со родилна тежина од 1.100 грама во многу тешка здравствена состојба.

Поради дијагностицирана срцева мана итно беше префрлено на нашиот оддел за понатамошно лекување.

По 50 дена посветен третман, грижа и континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа состојба, со телесна тежина од 2.100 грама, заедно со своето семејство.

Огромна радост за семејството, но и за нас. Браво за родителите за нивната сила и трпение.

Големо браво за целиот медицински тим од одделот за детска кардиохирургија – за знаењето, посветеноста и човечноста.

Ваквите приказни нè потсетуваат зошто медицината не е само професија, туку и мисија“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Софија Јанева: „На 40 дена син ми се разболе од RSV вирус, бевме на интензивна нега, со мало бебе шт... „Матео, точно на 40 дена, се разболе од RSV virus. Отидовме на интензивна нега, ...
Сузана Гавазова откри дека сопругот добил внук од синот од првиот брак: „Нашиот Емил доби син“ „Ни дојде уште една голема радост! Нашиот Емил, синот на Јасмин, доби син...“, о...

Најчитани неделава