Сузана Гавазова откри дека сопругот добил внук од синот од првиот брак: „Нашиот Емил доби син“
- Детали
- четврток, 16 јули 2026
„Ни дојде уште една голема радост! Нашиот Емил, синот на Јасмин, доби син...“, откри Сузана Гавазова и сподели дека нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиц, кој е сопственик на градежна фирма, станал дедо. Парот има две ќерки.

Пејачката Сузана Гавазова Курузовиц од 1998 година професионално се занимава со музика и токму музиката ја споила со сопругот Јасмин Курузовиц, кој е сопственик на градежна фирма.

Се запознале на забава кај нивниот сегашен кум, размениле контакт, а по околу една година почнале да контактираат поинтензивно.

Во тоа време Јасмин живеел во Шведска, таа во Македонија, па комуницирале најмногу преку пораки.
Но токму преку таа комуникација се родила првата љубов и кога следниот пат се сретнале, околу две години по запознавањето, почнале врска и оттогаш се неразделни.

Парот има две ќерки, но Јасмин го има и синот Емил од претходен брак.

Сега, Сузана ја објави среќната вест дека Емил добил син, а Јасмин станал дедо на внуче:
„Ни дојде уште една голема радост!
Нашиот Емил, синот на Јасмин, доби син!

Среќата е неопислива, срцата ни се полни со љубов и благодарност. Имаме прекрасен повод за славење и заедно да ја прославиме оваа најубава вест.

Нека е жив, здрав и благословен, а на среќните родители им посакуваме безброј насмевки, љубов и незаборавни моменти со нивното мало богатство“.