Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената

20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ.

nema-promeni-vo-delot-na-naplata-na-ddv-pri-priem-na-pratki-od-temu-so-izmenite-na-zakonot-za-ddv-01.jpg

Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега.
Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката, ниту ќе има нова обврска за уплата.

ДДВ кој е веќе пресметан во цената кон државата го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор.

Министерството за финансии уште еднаш потенцира дека со законските измени не се менува начинот на прием и царинење на пратките.

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра.

Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Оваа измена претставува значаен чекор во заштитата и развојот на домашната економија, особено во услови на интензивна глобализација и раст на дигиталната трговија и ќе придонесе за намалување на сивата економија.

Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.

Со усвојувањето на измените, државата испраќа јасна порака за поддршка на компаниите што создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и отвораат нови работни места во земјата.

Би можело да ве интересира:

Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Моделот Елена Ѓорговска на луксузно зимување во Франција - шопинг во Dior, ручек со поглед на Алпите Од посета на луксузниот локал, Bagatelle Courchevel, каде минималната цена што с...
Маја Гроздановска Панчева за менопаузата: „Се здебелив 10kg, носев широка облека цело време“ „Жените се срамат да зборуваат за некои од тие работи, не знам зошто. Ние со кол...
Матичен доктор од Скопје дава совети за здравјето при наглите температурни промени: „Можни се главоб... „Главоболка, омалаксаност, зашеметеност, вртоглавица, тахикардија (забрзано чука...

Најчитани неделава