Моделот Елена Ѓорговска на луксузно зимување во Франција - шопинг во Dior, ручек со поглед на Алпите
- Детали
- среда, 04 март 2026
Од посета на луксузниот локал, Bagatelle Courchevel, каде минималната цена што се наплаќа по човек е над 100 евра, преку забави на отворено со поглед на Алпите, до шопинг во продавниците на познати брендови, Елена вистински ужива на семејното зимување.

Елена Ѓорговска, една од нашите најзгодни модели, која кариерата ја гради во странство, е на зимување во Франција.

Деновиве таа постојано споделува фотографии направени во познатиот зимски центар Куршевел, а кој се наоѓа на француските Алпи.

Од посета на луксузниот локал, Bagatelle Courchevel, каде минималната цена што се наплаќа по човек е над 100 евра, преку забави на отворено со поглед на Алпите, до шопинг во продавниците на познати брендови, Елена вистински ужива.

Таа откри дека е таму со семејството и објави и неколку фотографии со нив, но и нивниот миленик.

Но, она што остави посебен впечаток е стилот на Елена. Таа воодушеви во сините целосни панталони (налик на ски-одело) со отворен грб, а изгледот го дополни со бела бунда, шик шубара и чизми.

Претходно, Елена носеше сличен црно костум, а во монденското ски одморалиште, на снегот позираше во кусо црвено здолниште, со гол стомак.

Погледнете ги фотографиите:




