Матичен доктор од Скопје дава совети за здравјето при наглите температурни промени: „Можни се главоболка и омалаксаност“
- Детали
- четврток, 10 јули 2025
„Главоболка, омалаксаност, зашеметеност, вртоглавица, тахикардија (забрзано чукање на срцето), промени во притисокот (пад или нагло растење на истиот) се само дел од работите со кои можете да се соочите при вакви ситуациии...“, вели доктор Бојан Трајковски и советува што да преземете.

Бојан Трајковски е матичен доктор од Скопје кој на својот Фејсбук профил сега сподели совети околу тоа со што може да се соочат и како да се справат луѓето во Македонија, среде ненадејните температурни промени.

Од навистина пеколно високи температури, вчера попладне имавме драстично заладување, па инспириран од ова доктор Бојан сподели со што може да се соочат сите.

Неговата објава гласи:
„Нагливе временски промени и температурни шокови со себе носат низа последици и чудни симптоми од типот:
* главоболка
* омалаксаност
* зашеметеност
* вртоглавица
* тахикардија (забрзано чукање на срцето)
* промени во притисокот (пад или нагол пораст на истиот)
* поспаност
* акутен синузитис (пропратен со течење на нос или изразена затност)
* акутен ларингитис (црвено грло, отежнато голтање)
* мачнини
* чуден умор
* болки низ целото тело
и ред други некарактеристични симптоми за самите пациенти (секој со свој карактеристичен опис за самите симптоми).

Покрај вашата редовна хронична терапија, помогнете си со:
симптоматска терапија (напијте се апче согласно симптоматологијата, Б витамини (Б6, Б комплекс, Неуробион, Неуровит и слично), хидрирајте се доволно, јадете што е можно помалку мрсна храна, легнувајте на време и секако по потреба посетете лекар).
Најбитно: Имајте трпение ќе помине!“
С. С. | Црнобело / depositphotos.com
