Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја победи болеста (видео)

Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и магично стапче во рака, малата Амина заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје – ја победи најтешката битка, a видеото ќе ве насолзи, но и ќе ви ја наполни душата со топлина.

ushte-edna-heroina-zadzvoni-na-detskata-klinika-vo-skopje-oblechena-kako-princeza-malata-amina-ja-pobedi-bitkata-video-01.jpg

На Клиниката за детски болести во Скопје има уште една хероина која победи во битката со болеста. 

Малата Амина заѕвони на победничкото ѕвонче, облечена како Елса од „Frozen“, со син фустан, перика со плетенка, круна на глава и магично стапче.

Нејзиното семејство ја донесе до ѕвончето, а таа силно заѕвони за да го означи крајот на оваа ера.

Овие глетки истовремено ни ја полнат душата со среќа и топлина што го поминале најтешкото, но и ни го стегаат срцето и ни ги полнат очите со солзи заради тоа што толку мали мора да се соочат со ова. 

На објавата од Клиниката напишаа:

Нова радосна вест од Клиника за детски болести!

Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашата суперхероина АМИНА храбро ја помина и ја освои тешката битка.

На АМИНА и посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg