Тајзи откри дека ќе стане татко, 4 месеци откако ја запроси саканата: „Господ нè благослови со најубавиот подарок“
- Детали
- четврток, 11 јуни 2026
„Наскоро ќе станеме родители“ – напиша Тајзи во описот на фотката на која ја бакнува саканата, која држи снимка од ехо и бебешки чорапчиња.

Драган Величковски, познат како Тајзи, соопшти среќна вест, дека наскоро ќе стане татко.
На својот Инстаграм профил, заедно со саканата Ангела, објавија фотографија на која тој ја прегрнува и бакнува пред црква, а таа во рацете држи снимка од ехо и бебешки чорапчиња.
„Господ нè благослови со најубавиот подарок. Наскоро ќе станеме родители“ – стои во описот на објавата.

Инаку, пред 4 месеци, на Денот на вљубените, Тајзи ја запроси Ангела Анчева, која е модел од Куманово.

Тој ја откри врската со неа пред околу 2 и пол години, а сега се подготвуваат за улогата на родители.

М. М. | Црнобело