Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е последен пат“
- Детали
- вторник, 16 септември 2025
„Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше да биде вака колеги мои... Засекогаш ќе ве носам во моето срце!“, напиша Горан Тонев, кој ја преживеа кобната ноќ во Кочани и 2 месеца се лекуваше во болница во Солун.

Скоро и да не постои Македонец кој во себе не го носи врежан датумот 16 март, денот на една од најстрашните несреќи кај нас, кога во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани згаснаа 62 животи.

Болката не престанува, а најсилно ја чувствуваат оние кои беа таму, но и оние кои загубија свој близок во страшната несреќа.
А меѓу нив е и Горан Тонев, младиот гитарист кој беше повреден во несреќата и кој два месеца се лекуваше во болница во Солун.

Горан, со многу емоции се потсети на пријателите кои ги загуби во кобната ноќ - тој објави фотографии на Инстаграм Стори и порака посветена на сите нив.

„Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите...
Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија како да чувствувавме дека е за последен пат.
Не требаше да биде вака колеги мои... Засекогаш ќе ве носам во моето срце! Почивајте во мир“, напиша Горан.

Погледнете ги фотографиите:




Прочитајте и Горан, преживеаниот гитарист на ДНК, си замина од болницата во Солун: „Благодарам на Бога што ми даде втора шанса“
А. Ј. | Црнобело
