Горан, преживеаниот гитарист на ДНК, си замина од болницата во Солун: „Благодарам на Бога што ми даде втора шанса“

„Моите чувства се измешани, колку што сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари“ - напиша Горан Тонев на Фејсбук, и по 2 месеца лекување во Солун си замина дома.

prvo-oglasuvanje-na-goran-prezhiveaniot-gitarist-na-dnk-blagodaram-na-boga-shto-mi-dade-vtora-shansa-01.jpg

Горан Тонев, гитаристот во бендот на ДНК, по два месеца лекување во болницата во Солун, си замина дома.

Тој на Фејсбук објави фотографија на која е со завој на главата и на рацете, кои и денес говорат за повредите со кои се здоби во пожарот во дискотеката во Кочани.

prvo-oglasuvanje-na-goran-prezhiveaniot-gitarist-na-dnk-blagodaram-na-boga-shto-mi-dade-vtora-shansa-03.jpg

На фотографијата, Горан е со болничкиот персонал кој се грижел за него изминатиов период.

„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау" - Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија.

prvo-oglasuvanje-na-goran-prezhiveaniot-gitarist-na-dnk-blagodaram-na-boga-shto-mi-dade-vtora-shansa-02.jpg

Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене.

Моите чувства се измешани, колку што сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“ - напиша тој.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...

Најчитани неделава