Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Меѓународното училиште „Нова“ и фондацијата „Борис Трајковски“ го распишаа конкурсот за стипендирање ученици

Меѓународното училиште „Нова“ и фондацијата „Борис Трајковски“ го распишуваат годинашниот конкурс за доделување три целосни стипендии  за четиригодишно школување во оваа образовна институција.

megunarodnoto-uciliste-nova-i-fondacijata-boris-trajkovski-go-raspisaa-konkursot-za-stipendiranje-ucenici-01.jpg

Стипендиите се доделуваат 11. година по ред, а се наменети за ученици од земјава кои по завршувањето на основното образование сакаат школувањето да го продолжат во гимназијата „Нова“. Пријавувањето на конкурсот почнува на 22 февруари, а ќе трае до 10 март 2016 година и е отворен за сите ученици од деветто одделение.

Кандидатите се пријавуваат со поднесување електронска апликација преку интернет страницата на „Нова“. Селекцијата на кандидатите се врши преку тестирања по англиски јазик и математика, и напишан есеј на зададена тема. Најдобро пласираните дваесет и пет кандидати ќе треба да поминат дополнително тестирање, додека шест од нив ќе имаат и интервју пред стручна комисија.

Тројцата стипендисти, освен што ќе добијат целосни стипендии за школувањето во „Нова“, ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни соработки и настани. Преку овие можности тие ќе се надградат со цел да ја претставуваат мисијата и визијата на училиштето, фондацијата, но и својата држава.   

megunarodnoto-uciliste-nova-i-fondacijata-boris-trajkovski-go-raspisaa-konkursot-za-stipendiranje-ucenici-02.jpg

- Квалитетното образование е темел врз кој се градат успешните луѓе. Токму тоа е и целта на оваа програма за стипендирање, да им помогне на идните ученици да се осознаат, да соработуваат, и да ги остварат своите сништа и кон подобрување на својата заедница. Досегашните резултати покажуваат дека сме успешни на овој план. Нашите стипендисти по матурирањето го продолжуваат својот пат успешно, а дел од нив веќе се потврдени професионалци во својата област, што нѐ прави особено горди – велат од меѓународното училиште „Нова“.       

Програмата за стипендирање почна во 2005 година, досега ја завршија осум генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни факултети во Европа и во САД.  

Би можело да ве интересира:

Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Уникатно запросување на Канео во Охрид – прстенот стигна со дрон (фото+видео) „Сакав да биде нешто поразлично, но имавме интересна, а и по малку стресна ситуа...
Браво! Македонката Миа (13) освои награди за најдобра пејачка и композитор-тинејџер на фестивал во Б... Секоја чест! Нашата Миа Ѓокиќ Сотировска од фестивал за тинејџери во Белград се ...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Сопругата на Андреј од ДНК сподели разговор со ќеркичката кој крши срца: „Мамо јас ти требам тебе, а... „Јана за 7 дена порасна како за 7 години“ – напиша Наталија, сопругата на Андреј...
Мартија Станојковиќ и саканиот на романтично патување за Валентајн - јадат пица во форма на срце Мартија и нејзиниот сакан Матеј се во врска околу 2 години, но парот многу ретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg