Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дечко од Сомалија, дал отказ за да патува низ светот и останал во Македонија: „Во Драчево има најдобар кромид“

Прво патување на Балканот му било во Хрватска, но не му се допаднало тоа што имало премногу туристи, по што одлучил да ја посети Србија, а потоа и Косово, Македонија и Албанија.

„Сум бил насекаде на светот, но ниту едно место не успеа да ми го освои срцето како Балканот. Иако секоја балканска земја што сум ја посетил ми покажа љубов на поинаков начин, би рекол дека најубаво се чувствував за време на посетата на Македонија“ – изјави Мустафа.

Тој минатата година престојуваше 3 месеци во Македонија, но по краткото патување низ повеќе други земји, Мустафа повторно одлучи да се врати во Скопје.

„Македонија ме воодушеви и секогаш ќе биде дел од мене“ – вели тој, а љубовта кон нашата земја го натерала да објавува видеа на Инстаграм и на ТикТок каде редовно ги споделува сопствените искуства со македонската храна, но и посебно внимание обрнува на македонскиот хумор.

За време на престојот во Македонија, Мустафа ги посетил и Битола, Прилеп, Крушево и Струмица, а за Драчево вели дека има најдобар кромид.

Тој планира да остане на Балканот до крајот на годинава, а во 2023-та година ќе ги посети Грузија, Азербејџан и Ерменија.

Во продолжение погледнете како изгледа нашето секојдневие низ призмата на некој што е дојден од друга земја:

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нашата шминкерка Фрози Фран ужива во Лондон - „типичен“ турист пред Бакингемската палата (фото) Фрози Фран објави каква е атмоферата пред палатата на британското кралско семејс...
Македонка е хит на Инстаграм со пародии: „Не сакам да работам, потребен ми е богат дечко – имам терм... „Јас не сакам дечко што ќе ми испраќа подароци на работа – јас не сакам работа. ...
„Брате, сакам да останам“ - Дечко од Сомалија бара помош како да остане подолго во Македонија, се вљ... „Боже, господе, на моите денови во Македонија им доаѓа крај и тоа е многу, многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg