Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Викенд предлог: Најдобрите европски филмови

6. Pan's Labyrinth ("El laberinto del fauno")

Можеби најдобриот филм на режисерот Guillermo del Toro зборува за Шпанија во 1944 година, каде младата девојка Офелија и нејзината бремена мајка живеат во фашистички воен камп. Офелија се обидува да избега од суровата реалност во волшебниот свет на фантазија. Филм што освои 3 Оскари за кинематографија, шминка и костимографија.


7. Let the Right One In ("Låt den rätte komma in")

Вистински филм за фанови на вампири кој раскажува малку поинаква приказна. Од умот на режисерот Tomas Alfredson запознајте ги Оскар и Ели, малтретираното момче, чудната девојка и нивното необично пријателство.


8. Talk to Her ("Hable con ella")

Една поинаква љубовна приказна за двајца мажи и нивното пријателство, додека се грижат за своите девојки кои се во длабока кома. Филм на познатиот шпански режисер Pedro Almodóvar.

Филм кој зборува за маж кој бара одговори за животот, смртта и за постоењето на Бог, додека игра шах со Смртта. Овој филм е добро познатото мрачното ремек дело на Ingmar Bergman.


9. The Seventh Seal ("Det sjunde inseglet")

Филм кој зборува за маж кој бара одговори за животот, смртта и за постоењето на Бог, додека игра шах со Смртта. Овој филм е добро познатото мрачното ремек дело на Ingmar Bergman. 


10. Open Your Eyes ("Abre los ojos")

Еден млад човек ја наоѓа љубовта на својот живот, но тој доживува несреќа по која треба да прави операција на лицето. После тоа, ништо не е исто. Овој филм е познат и по својот римејк од 2001 година „Небо од ванила“, со Том Круз. 

Автор: М.А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Го гледав документарецот за Селин Дион и ме расплака нејзината борба со синдромот на вкочанета лично... Снимката од нападот на Селин е мачен за гледање - жената која секогаш оддавала в...
5 предлог филмови за тинејџери кои се полни со емоции Погледнете 5 предлог филмови за тинејџери кои ќе ви останат во сеќавање, а и ќе ...
Одлични серии со повеќе од 3 сезони (ако 10-тина епизоди ви се малку) Vikings, The Outlander, Better Call Saul – ако ви се смачи од кратки серии со по...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
Трогателни филмови и серии снимени според вистински трагедии Only the Brave кој е направен во чест на 19 храбри пожарникари, но и Deepwa...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg