Како се развиваа хорор филмовите низ децениите?

Хорорите претставуваат вознемирувачки филмови кои се трудат да го предизвикуваат стравот кај гледачите. Често се полни со страшни сцени кои имаат за цел да ја исплашат публиката. Ја употребуваат фантазијата, а често се преклопуваат со жанрот трилер.

kako-se-razvivaa-horor-filmovite-niz-deceniite-01.jpg

Самата теорија на хоророт се менувала последниве децении. Филмовите кои некогаш биле класифицирани во хорори, денес се трилери.

Раните филмови се снимани врз основа на познатите хорор чудовишта како Дракула, Франкенштајн и Фантомот од операта. Поновите хорор филмови во голема мера се прават, исто така, врз основа на овие темели, само со подобри ефекти и приказни.

Првите хорор филмови му припаѓаат на Жорж Мелиес, во доцните 1890-ти. Неговата „Куќата на ѓаволот" многумина ја сметаат за прв филм од овој жанр. Почетокот на 20-от век беше пресвртница за овој жанр со филмови како „The Hunchback of Notre Dame“ (1923), „The Monster“ (1925), „The Lost World“ (1925), „The Phantom Of The Opera“ (1925), „Dr. Jekyll And Mr Hyde (1920)“ и „London After Midnight“ (1927).

Кон почетокот на 30-тите години, Universal Pictures посебно го фаворизирал овој жанр, носејќи им на гледачите голем број на успешни филмови како „Дракула“ и „Франкенштајн“. Некои актери почнале да ја градат својата кариера снимајќи хорор филмови. Најпознати такви актери се Борис Карлоф и Бела Лугоши.

Како што напредува технологијата, ефектите во хорор филмовите стануваат сè подобри и пореални. Како резултат на напредокот на технологијата, хорор жанрот почна да се дели во две групи. Првата група ја сочинуваат класичните хорор филмови, додека другата група сé повеќе се приклонува кон демонските ефекти и тематики.

70-тите и 80-тите години беа обележани со филмот „Rosemary's baby“ кој иако e нискобуџетен филм, бил добро прифатен од публиката. Така, жанрот хорор добива сосема нова тематика. Веднаш потоа снимен е „Егзорцист“ (1973), еден од најкултните хорор филмови на сите времиња.

Антихристот најчесто бил главен негативец во овие децении. 

90-те години носат „slasher“ филмови, од кои се најпознати „Nightmare on Elm Street“, „Friday the 13th“ и „Halloween“. Секој од овие филмови се обидува да го допре имагинарниот свет на хорор ликовите, но и ужасот во реалниот живот. Овде се забележува почетокот на разните урбани легенди на кои се базирани повеќето хорор филмови.

Почетокот на 2000-та година обележан е со римејкот на Егзорцистот, кој се покажа како многу успешен кај публиката. Следната година излегува „The Others“.

Се сними уште еден нискобуџетен филм „The Blair Witch Project“ кој и покрај малиот буџет, постигна голем успех и ја остави својата трага во филмската историја.

Азиските хорор филмови, исто така, стануваат популарни, но не во нивните оригинални верзии, туку во повеќе популарни американски верзии („The ring“  и „The Grudge“).

Оваа деценија се оценува како најдобрата деценија за создавање на хорор филмови. За тоа е најодговорна технологијата која овозможи снимање на реални хорори со добри ефекти кои порано не биле возможни.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 секси серии на Нетфликс за летните вечери Гледањето секси ТВ серии во текот на летните вечери може да биде возбудлив и при...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
10 (биографски) филмови за значајни научници, како Oppenheimer Radioactive за Марија Кири, но и The Theory of Everything за Стивен Хокинг се са...
10 филмови кои реалистично ги прикажуваат проблемите со менталното здравје (и кај деца, и кај возрас... Inside Out, иако е анимиран, се смета за филм кој можеби најдобро ги прикажува п...
10-те најдобри филмови за 21-ви век, според гледачите Неколку филмови на единствениот Кристофер Нолан, но и анимиран филм кој прикажув...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg