Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Bridget Jones's Baby“ – првите фотографии со Колин Фирт и Патрик Демпси

Се појавија и првите неколку фотографии од главните ликови на најновото, трето, продолжение на сагата за Бриџит Џонс, по првата објавена фотографија на која ја гледаме Бриџит (Рене Зелвегер) како држи црвен iPad во рацете.

bridget-jones-s-baby-prvite-fotografii-so-kolin-firt-i-patrik-dempsi-01.jpg

Објавени од страна на Entertainment Weekly, првите фотографии откриваат дека дебелката русокоса ја има задржано својата нежност, но и својата несмасност, гледајќи ја на фотографиите како стои целата прекриена во кал и се бори со огромната новогодишна елка.

Покрај неа на фотографиите можеме да ги забележиме и двајцата машки протагонисти: внимателниот џентлмен Марк Дарси (Колин Фирт) – секогаш елегантен и по малку крут и неговата нова закана Марк Квант (Патрик Демпси) – брилијантен милионер.

Од изјавата на Фирт дознаваме дека новиот лик не е ништо помалку сериозен противник на Марк од Даниел Клевер (Хју Грант): „Спротивно од Даниел, не се работи за личност која Марк ја познава уште од детството. Станува збор за целосен аутсајдер кон кого тој се однесува сосема поразлично“.

Според изјавите на Фирт, мистериите кои треба да се решат во третото продолжение за хероината создадена од фантазијата на Хелен Филдинг се повеќебројни и различни. Прашањето за откривање на татковството во секој случај не е единствената мистерија за која треба да се пронајде одговорот.

Премиерата на најновото продолжение кое помеѓу другото ги опишува тешкотиите со кои во денешно време се соочуваат сингл-девојките на четириесетина години, е закажана за 16-ти септември 2016-та година.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чудни анимирани џуџиња, конфликт меѓу главните актерки: Зошто новиот филм за Снежана ќе биде „пропас... Уште откако беше најавен, играниот филм за Снежана во продукција на Дизни се соо...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
10 филмови од 2024-та кои се фаворити за Оскар Второто продолжение на Dune се очекува да освои уште повеќе статуетки од првото,...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...
Враќање во детството: Се сеќавате ли на цртаниот филм „Денвер, последниот диносаурус“? Се сеќавате ли на преслаткиот и необично интелигентен диносаурус Денвер? Го глед...
10-те најдобри хорор серии на Нетфликс (кои ќе ве подготват за Halloween) Midnight Mass е една од најдобро рангираните серии на Нетфликс, додека Santa Cla...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg